Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.300
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Машки
    Со сквален кленсерот можеш да се миеш и наутро и навечер, нема врска, како сакаш ти.
    Азелаичната к-на јас ја користев преку два-три дена, навечер. Единo не би ставал витамин ц и азелаична истовремено, пример витамин ц нека ти биде само за наутро и секако спф задолжително.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    2.940

    Фала многу.

    Ова значи дека скваланот може да ми замени пена/гел за миење лице?
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.300
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Машки
    Да, па ќе видиш како ќе ти одговара.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  4. specialgirl123

    specialgirl123 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здравоо,
    Имам сува кожа со акни најмногу на образите, зедов Сона крем и ниацинамид 10% па планирам Сона да користам навечер пред спиење а ниацинамидот наутро па спф крема. Дали е добар распоредот и да ми препорачате уште некој серум затоа што многу се нервирам со акниве. Иначе имам 21 година. Фала вии
     
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Врз сона кремата ставај некоја лесна крема за лице, бидејќи ако не ја хидрираш кожата и само ја сушиш со сона кремата уште повеќе ќе се иритира.
     
    На specialgirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.318
    Здраво девојки
    Пред повеќе од 1,5 година според совет во темава котистев Нијацинамид и азелаична киселина за флеки на лице од сонце(добиени во бременост). Ова беше успешно се додека не се вратив од одмор|(
    Во тој период лани доев(сега не) па затоа не смеев да ставам Ретинол-а читав дека и тој се препорачува при флеки.
    Дали можам сите три да ги користам и по кој редослед?
    Серумиве што ги имам од претходниот пат (Нијацинамид и азелаична) веќе се отворени повеќе од 15 месеци,да ги фрлам и да си купам нови?
    @Elence93 ќе ја тагнам,како една од поискусните:)
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ретинолите на зима.
    А отворени серуми стари 15 месеци се заменуваат со нови.
     
    На Ygritte и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Дечки, глупост направив. (facepalm)

    Вчера ставив Revox Lactic Acid + HA, го користам веќе некое време на 2 недели, а сабајле знаев дека нема да искачам до вечер и не ставив крема со СПФ. Ама итно морав до ветеринар да идам и заборавив на се покрај проблеми и триста чуда и сега сум во паника дека штета направив. А инаку многу пазам баш ова да не ми се деси. Шо мислите? :?:
     
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.290
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно. Сигурно не си била цело време изложена на јако сонце. Башка таа не е толку јака киселина.
     
    На Srckata28 и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Девојки кој серум би ми помогнал за флеки од акни?
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ниеден. Бегај од Ревокс.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.318
    Зошто да бега?
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Затоа што е шкарт и не помага. Ќе си ги изгорите лицата само.
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.318
    Јас тврдам дека мене ми помогнаа за флеките од сонце.
    Во моментов ги користам по втор пат.
     
  15. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    18.524
    Пол:
    Женски
    Дали ќе биде серумот со lactic acid да го ставам на рацете за keratosis pilaris, има пробано некој? Не можам да си најдам лосион за тело со млечна киселина. :(
     
  16. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.039
    Допаѓања:
    10.613
    Пол:
    Женски
    Можеш.
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.290
    Пол:
    Женски
    Можеш. И тоа во комбинација со лосионот за тело од Балеа со уреа. Јас така ставав и има големо подобрување.
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    18.524
    Пол:
    Женски
    Ќе си го земам и лосионот. Фала тии за препораката. :$
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Јас онака го зедов ниацинамидот да го пробам (претходно не користев ништо) и откако го зедов, после недела дена ми се исушија старите акни и нови веќе немам (сега го потрошив првото шишенце, мислам дека месец дена ми траеше), а мака мачам 10 години со акни.
    Јас го користам секоја вечер пред спиење и имам ефект.

    И јас имам прашање, освен ниацинамид сега зедов и витамин ц серумот од Revox и планирам да го ставам секое утро.

    Прашањето ми е дали после серумот се става спф и после спф-то да ставам шминка ќе биде ок? Како оди баш тоа не разбирам, на упатството пишува само дека се става наутро.
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Ок е да се стави шминка над спф, само почекај ако можеш 20-тина минути (или колку што можеш најдолго) да се формира слојот на спф-то и потоа внимавај да не триеш преагресивно со цел да не го нарушиш тој слој. Ако можеш со лесно тапкање да ја нанесеш шминката, би било супер.

    Спф-то не ти е неопходно за после серумот заради некоја несакана реакција, туку општо за заштита на кожата.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.