Дали може да се користи клиндамицин (lea lotion) и азелаичната киселина во иста рутина навечер? Или подобро да не се користи Lea вечерта кога ставам азелаична Исто, колку пати неделно користите азелаична? Гледам некои секој ден па и 2 пати дневно и океј им било ама мене како за мене ми звучи премногу.
Азелаична к-на препорачливо е да не се користи секој ден, туку барем преку еден до два дена и тоа еднаш дневно, навечер. Пример кога би користела азелаична, таа вечер изостави го клиндамицинот.
Да, и јас знаејќи дека ми е почувствителна кожата никогаш не би ставала секој ден. А мислење за истата, од некој што ја користел? Дали сте имале резултат и каков? Инаку зборам за Revox 10% азелаична секако
Јас ја користев за акни и црвенило и мене топ ми одговараше, само треба да бидеш трпелива за да забележиш ефекти. Барем 1-2 месеци континуирано користење.
Ке сака ли некој да ми напише редослед како и кои серуми од revox можам да ги користам за сува кожа, имам пеги, митисери и црнки? Ви благодарам многу однапред.
Искуство со серумот со кофеин? Дали има ефект или да не го купувам за џабе. Имам подочници и цело време делувам уморна околу очите
Убав е, освежува. Јас на true alchemy го имав и колку толку ги освежуваше. А од време на време можеш и вакви eye patches да си користиш за хидратација. Ги има во Белина околу 800 денари се.
Многу сум збунета, па некој што има искуство со двата продукти да ми објасни. Сакав да земам гликолна киселина од Ревокс, меѓутоа на паковката пишува дека се измива, додека на таа од Ординери стои дека не се измива. Мислам дека сличен случај со упатствата имаше и со AHA пилингот. Имам пробано AHA пилинг и на Ординери и на Ревокс, од ревокс не бев воодушевена. Салицилна киселина на Ревокс користев некое време- исто не ме фасцинира, последно користев азелаична киселина. Целта ми е да ја подобрам текстурата на кожата поточно на Т-зона. Дали гликолната ќе помогне во ова или да не фрлам пари џабе?