AHA пилингот се измива. За салицилната на Ревокс мене ок ми беше, за другите не знам не сум ги користела.
Можно е гликолната на Ревокс да беше со поголем процент, а ако добро се сеќавам, ќе да беше 20% (а тоа е навистина многу) па затоа да има потреба да се измива. Не сум го користела никогаш нивниов серум, ама знам дека се работеше доста јак % и тоа лично не ми одговара. Ако сакаш нешто што не се измива види го тоникот со гликолна киселина од Ревокс. Tој не се измива и супер е, со 7%. Меѓутоа, ако сакаш ексфолијаторот да е баш серум и истиот да биде нешто подостапно кај нас, тогаш од Ревокс би можела да земеш lactic acid. И тој серум е доста солиден во однос на подобрувањето на текстурата на лицето.
Moeto iskustvo so revox salicilnata me isfrli strasno mnogu so toa sto imav odlicna krema hidratantna i ne go stavav segde tuku samo na t zonata bidejki tamu mi e povekje mrsna, ova bese use pred godina ili dve . Ednostavno salicilnata ne znaci deka e za sekoj vo serumska varijanta bidejki sekogas e vo pogolem procent zatoa i e vo serum da e pokocentrirano, ama naprimer vo toner mi odgovara za 2-3 x pati nedelno na taa zona
Сацилната киселина е за акни, ако ти треба да го намалиш себумот треба да ставаш креми со лесна текстура. Ниацинамидот би рекла е за намалување на себумот, но и добар гел исто така.
se soglasuvam jas imam akni ama nekako uste tolku mi prai da se isfrlam radi toa sto imam senzitivna koza i ne moze da trpi kiselini seuste mnogu mi e problematicna ama poleka poleka ja sreduvam ama fala tii
Здраво девојки, веќе 8 месеци? непрекинато го користам ниацинамидот од Revox бидејќи ми го исчисти цело лице од акни. На почетокот го користев со Витамин Ц, ставав ниацинамид навечер, а витамин Ц наутро и кожата ми беше супер. Потоа се решив да го сменам серумот со витамин Ц и наместо тоа зедов лактатна киселина и ги комбинирав со ниацинамидот по препорака на Revox - ниацинамид наутро а лактатна киселина навечер. Секогаш пред излегување си користев и фактор 50 исто на Revox. Проблемот е што акните ми се вратија. Имав мазно и убаво лице а сега не само акни туку на Т зоната имам и некои ситни црнки што ги немав порано. Прашањето ми е, според вас која би била причината за тоа? Дали е до лактатната киселина или тоа што порано го користев ниацинамидот навечер, а сега наутро, или можеби треба да си изберам други серуми против акни, да паузирам со ниацинамидот, а лактатната воопшто да не одговара на моето лице? Што би ми препорачале да користам за пак да си го исчистам лицето?
Најверојатно си го пресушила лицето. Може да е лактидот проблем, ама може и да е ниацинамидот. За Витамин Ц не верувам. Исфрли ги двата продукта, врати го витамин Ц и земи си салицилна и хијалуронска киселина.
Zenski da ve prasam imam hormonski akni.. od niv mnogu fleki dupcinja mi ostanuvat poshto nekogas gi cepkam..ednata strana mi e cela so dupki zemav od revox vitamin c i Hyaluronic Acid and Aloeod garnier no ne mi pomagaat se mislam da zemam REVOX JUST AHA ACIDS 30% ili REVOX JUST SALICYLIC ACID
Може предлог за хидрирачки серум со богата формула за секојдневно користење? И спф крема што не го светнува лицето.
Еucerin 50 или La Roche Posay, по препорака од @koritsaki . Имам комбинирана кон нормална кожа, топ се
Ниацинамидот се користи наутро и навечер, но повеќето го користат наутро. После гелот/пената за лице.
Дали сте задоволни од витамин Ц серумот на Ривокс? Користам навечер ниацинамид и сакам преку ден да вметнам и витамин Ц
Па јас не приметив некоја разлика, ако ти е за избледување флеки мене лактатната киселина на Revox повеќе ми помогна. Дали вие што имате лице склоно кон акни навечер после нанесување серум користите некоја крема? Ми е страв да не ми го исфрли лицето а сакам да ставам некоја хидратантна.
Zdravo buba4e89 ako moze da mi preporacas serumi za lice na revox ili balea da ne se mnogu skapi za suva i mlad koza
Од ревокс можеш хијалуронска да земеш, а од друг бренд пример true alchemy/bereza siberica витамин Ц. Или едното или другото,а и еден тоник. Тој на моса youth defence. Овој навечер или преку ден.
Девојки дали на Revox се добри серумите? И на Еlixy какви се дали знае некој, дали има пробано? Или предлог за подобри?