Девојки, денес бев до Дм и приметив дека имаат нов ретинол тоник на Revox па ме интересира дали го има некој пробано да пише дали вреди да се купи
Прашање за тие што ја имаат користено хијалуронската киселина на ревокс. Дали е нормално да биде погуста и леплива? Или мојава расипана ја купив.
Здраво драга јас ја немам користено, меѓутоа со оглед на тоа што изработувам козметика може да ти појаснам зошто. Најнапред, доколку производот не сменил боја или мирис е ок, во спротивно доколку мириса лошо или има чудна боја е расипан. Ова е декларацијата Ingredients Water / Aqua, Sodium Hyaluronate, Propylene Glycol, Provitamin B5 / Panthenol, Xanthan Gum, PPG-1-PEG-9 Lauryl Glycol Ether, Phenoxyethanol, Disodium EDTA Овде проблемот е во Xanthan Gum. Со оглед на тоа што јас самата правам серуми доколку по грешка ми падне повеќе Xanthan Gum производот автоматски е погуст и полеплив. Xanthan Gum е состојка во прав која се користи како згуснувач во козметичките производи (креми, серуми итн). Во овој тип на водени производи дава гел структура. Најдобро е доколку се раствори во глицерин и на тој начин се внесе во формулата. Директно во водата (во производот) побавно се раствора и понекогаш дава погрешна слика дека не е доволно и треба да ставиш повеќе а веќе следниот ден производот повеќе ќе се згусне и на допир е леплив. Со оглед на тоа што во формулава нема глицерин, претпоставувам дека го раствориле директно во вода и тоа во поголема количина. За било што слободно пиши Поздрав
Девојки може ли некој да ми објасни за што точно се користат ниацинамид и ретинол? Користам витамин ц на ревокс и хијалурон на хадо лабо, па сакам да ги додадам и тие две ама ако може некој да ми објасни како и кога се користат и за што? Фала ви
Ниацинамид е за намалување на акни и митисери. Го користам наутро, прво ниацинамид на лице (регија околу очи не) а потоа хиалуронска. На крај крема. За навечер користам вит ц. Ретинол е за брчки, но не користам бидејќи горенаведеното е доволно.
Овој витамин за убавина може да се користи против акни, оштетување на кожата, пигментни дамки и благо оштетување од сонцето и црвенило на кожата. Кога станува збор за anti-age негата, нијацинамидот е исто така одличен.
Имам една длабока брчка на чело од една положба при спиење Не користам ништо а сакам да почнам Џам чисто лице имам и 41 год и само таа една брчка
Здраво Ме интересира некоја со ист макар сличен проблем Посетено 3 дерматолози од кои последниот ми кажа дека имам розацеа тип 2, лицево со 2 бременост ми се смени а претходно имав пречисто лице. Ги користам Bioderma photoderm Ar spf 50 i Bioderma Sensibio Ar e сега лицево на моменти е океј на моменти како воопшто кремиве да не помагаат. Кој серуми да ги вклучам, намерата ми е утро niacinamide a вечер нз дали azelaic или salicylic acid Се надевам некоја ќе помогни Поздрав
Прво мораш да исфрлиш се што има алкохол и парфем во него. Навечер чистење со маслен чистач + нежен гел/ пена и тапкај со хартиени бришачи за лице (исфрли пешкир), а наутро само со вода. Внеси азелаична киселина 10% и ниацинамид не повеќњ од 5%(од корејските најдобро). Спф секој ден, кога си на сонце реаплициран на 2-3 часа, летно време лицето заштитувај го со шешир или капа. Физички скрабови, хемиски пилинзи- никако. Биодермата е океј, само тоа има во аптеките кај нас за розацеа, иако јас користев и рутина од една од страниците за корејска козметика и супер ми се покажа.
Приметив дека кремастиот серум на Моса ми ја суши кожата на некои делови на лицето, посебно на носот. Многу неубаво стои затоа што пудрата не легнува убаво на лицето. Од него не видов никаков ефект, една недела се користи па потоа два пати неделно. Џабе е толку пари. Никогаш не би го зела повторно. За пола година никаков ефект нема.
Заборавив тоа го изоставив со гел sensibio bioderma го чистам и хартиени Дали можи да ми го пратиш корејскиот ниацинамид како изгледа пошто овај на ревокс гледам 10% е и општо цела рутина Фала