Revox серуми за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Kristi900, 3 мај 2020.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    14.888
    Пол:
    Женски
    Јас сега гледам дека прашањето е во темата за Revox...

    Искрено не сум баш фан на Revox, можеби сум малку скептична и поради тоа што е бугарски бренд Како и да е, азелаичната им е океј опција бидејќи нема парфем и алкохол. За ниацинамидот би била повнимателна, концентрацијата е прилично висока за старт, особено за кожа со розацеа, а има и isopropyl myristate, што кај некои може да затне пори.
    Јас на почеток користев еден корејски ниацинамид што веќе не се произведува, ама добра алтернатива е Beauty of Joseon Glow Serum Propolis + Niacinamid со 2% ниацинамид. Кога ќе ти се стабилизира кожата, можеш и на повисока концентрација.

    Кај мене азелаичната направи најголема разлика, па искрено неа би ја ставила како приоритет. Прво користев Nacomi 5%, а сега ANUA 10%. И сквалан многу убаво ми делува за смирување и хидратација, моментално го користам S.Nature Aqua Squalane Serum.

    Ти нафрлав многу информации, ама долго време се замарам со розацеа и имам пробано разни работи. Не викам дека Bioderma не е добра, и јас почнав со неа. Само со време почнав полека да експериментирам со други производи (дури и ретинол, ама тоа дефинитивно не би ти го препорачала сега). Во оваа фаза најбитно ти е едноставна рутина што ќе ја смири кожата.
    И внимавај со шминката, избегавај пудри со алкохол или ако можеш скроз прескокни пудра и користи tinted SPF.
    Јас за почеток би ги задржала Bioderma + азелаична од Nacomi како понежна или ANUА.
     
    На Classy Flare му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Classy Flare

    Classy Flare Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам многу ова ми даде малку утеха ќе ја вклучам Nacomi 5% само нз дали утро или вечер да ја ставам
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    14.888
    Пол:
    Женски
    Сеедно, најбитно е како прво конзистентност (за почеток 3 пати неделно е доволно) и второ наутро обавезно спф.
    Се насевам ќе имаш успех, знам колку е мачна розацеата.
     
    На Classy Flare му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Classy Flare

    Classy Flare Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Ме интересира мислење уште за The ordinary Azelaic Acid 10%
     
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    14.888
    Пол:
    Женски
    Најискрено не знам, па се консултирав со чат џпт. Еве што кажа:

    “За розацеа тип 2, ако изборот е само меѓу овие две, би наклонил кон Nacomi 5% за старт, иако има пониска концентрација.
    Зошто ова за розацеа тип 2:

    • Азелаичната киселина е една од подобрите состојки за розацеа бидејќи делува антиинфламаторно + против папули/пустули + помага со црвенило.
    • Но кај розацеа, vehicle/formulation често е поважен од самата концентрација.
    • The Ordinary 10% е добра формула на хартија, но силиконската suspension база кај многу луѓе со реактивна кожа знае да:
      • пече
      • прави pilling
      • да се чувствува “occlusive/heavy”
    За кожа што лесно flare-ира, тоа не е идеално.

    Ако твојата кожа е:

    Многу реактивна / burning / compromised barrier / чести flare-ups→ Nacomi 5%

    Веќе толерираш активи добро и сакаш поагресивен ефект на папули→ The Ordinary 10%

    Искрено, за розацеа тип 2 најдобрата OTC стратегија:

    не секогаш “повисок % = подобро”.”
     
    На Classy Flare му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Classy Flare

    Classy Flare Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Баш како што пишал мене ми е рективна и чести flare ups, просто не ми се верува утрото е чисто за 2 сати почнува да се воспалува и излегуваат секакви чуда.

    Да си почнам со понежна опциа

    Ти благодарам уште еднаш на вниманието и одземеното време:inlove:
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.870
    Пол:
    Женски
    Како ти ја дијагностицираа розацеата, на око? Толку се способни. Најголемиот причинител на розацеа е Демодекс (Бревис и/или Вулгарис), а може да се активира од сонце, од зголемено лачење себум, или од нешто трето, има многу теории, ниту една дефинитивна. Прво тоа мора да се исклучи затоа што ако не се третира тој паразит никогаш нема да ниту приближно да се подобри розацеата, купи ги сите азелаични креми на светов. Ако си од Скопје, ќе одиш во амбулантата на МВР кај дерматолог Тања Делева, таа има искуство со розацеа, со упат, ќе те види, ако смета дека има потреба ќе те прати во Институт за Јавно Здравје, од таму ќе те препратат кај докторката што прави испитувања (брис од кожа, влакно и секрет на кожа ако имаш бубуљички) севкупно ќе те чинат може триста денари овие работи. Ако е демодекс во прашање, терапијата е Ивермектин (бренд Солантра), кремата ја имаш во Грција најблиску и/или евентуално нешто друго што ќе те советува дерматологот. Волку работи знам да ти кажам, но верувај, две колешки од факс имаа ваков проблем долго време и пред некој недела се видовме на прослава, двете со стакло лице и така ми споделија, со тоа што едната била во некоја од приватниве клиники и одма и ја дале кремата да си ја користи, а другава ја пратиле на испитување. И за мене се сомневаа дека е розацеа, дека се зацрвенував, на крај излезе алергија на ланолин и на нешто трето, значи реакција од производ. Среќно.
     
  8. Classy Flare

    Classy Flare Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Не сум од Скопје
    кај ДрМарга во Прилеп бев брис од лице чисто испитани хормони пролактин минимално покачен
    Кај кој доктор уште би била нз за алерго ..
    Солантра можам да ја купам од Грција без никаков документ? која и е цената
    Фала на искуствата
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.870
    Пол:
    Женски
    Солантрата колку што знам е едно 30тина евра, за во Грција не ти бараат рецепт, во другите ЕУ бараат рецепт, јас во Италија знам дека бараат. Розацеата конкретно не е поврзана со хормоните, здравјето на кожата да, но розацета нема врска со полицистични јајници, хормони и слично. Прашај ја матичната дали во твојот град можеш некаде да испиташ брис од кожа за демодекс (не генерички брис), ако не, мислам дека вреди да се организираш за Скопје (телефонски можеш да се јавиш во Институтот и да се договориш, може ќе ти дадат и број од докторката, да не те лажам, како да ми спомнаа дека е Снежана, ама не ми текнува), а и твојот дерматолог прашај го, има начин да се организираш. Ако се испостави дека е демодекс, лекот е практично пет пари и нема да се развива понатаму болеста, инаку може многу да напредува, да се појават акне розацеа, коњуктивит, испукани капилари, дифузно црвенило, да почне неконтролирано да ти се масти. На еднава колешка баш и беше оштетена кожата, како патлиџан беше станата во лице.