Здраво женски Имам нормална до комбинирана кожа со црнки на носов и малку на брадата, неам акни освен на брадата минимални 2 белези од што се имам стискано порано ♀️ на образите многу проширени пори Ве молам ако некој има сличен проблем или се разбира повеќе да ми предложи кои од серумите да ги пробам...Размислував за Ниацинамид и Салицилната ама сепак совет не ми дошло лошо Ви благодарам однапред❤
Салицилната киселина е повеќе за акни и проблематична кожа, штом немаш многу акни само ниацинамид користи . Мое мислење бидејки ке ја пресушиш кожата заедно а немаш голема проблематика.
Фала ти многу мила ❤ Ниацинамид секако сакам да земам тешко по дм да го начекам ќе го порачам од торба.мк. Салицилната сакав демек за чистење на порите,имам многу пори ахх ко портокал да ми е лицето ...ќе пробам со Ниацинамид па здравје понатаму и на дерматолог
Здраво женски конечно најдов салицилна и ниацинамид па сега сакам да ве прашам за совет како да ги користам поради тоа што до сега ставав и еден серум од revuele на кој пишуваше дека има витамин ц, но според состојките (прикачената слика) и според мои знаења е во многу мала незначителна количина. Па сега ме интересира на кој начин да ги употребувам, дали можам серумов од revuele со салицилнава/ниацинамидот во комбинација со едно од овие или пак да го користам наутро само revuele а навечер да менувам, една ноќ салицилна една ниацинамид. По серумот си користам ноќна крема од зиаја со козјо млеко,а наутро крема со спф. На акни си ставам клиндамицин гел. Што мислите? Благодарам однапред на помошта
Ц витаминот го немаше во ДМ, го немаат стално? Зедов хијалуронска само, ќе морам да направам и порачка.
Женски Ниацинамидот наменет е за црвени флеки од акни или за друг тип на флеки? За што точно? Јас имам бледо црвени флеки на едната страна на образот кога ќе ставам пудра не ми се познава ништо ама сакам да пробам ако успеам да ги средам.Ставив сабајлево и после тоа спф пред да искочам
Пробај да го користиш навечер. А мене ми помогна со флеки од сонце, зошто немам акни, ама може да даде совет некој ако му помогнало.
Според листава на состојки, во серумов има помалку од 1% Витамин Ц. Не сум некој експерт, но колку што знам Ниацинамид и Витамин Ц не се ставаат истовремено. Јас лично не би ги користела тие два во комбинација. Некоја постручна феминка нека каже дали е океј кога е во волку ниска концентрација. Можеш едниот серум да го користиш навечер, другиот преку ден. Или менувај ги неизменично секој ден серумите.
Не можам да ти пишам приватно порака. Ме интересира ако можеш да ми пратиш слика од подобрување со темните кругови, бидејќи мака мачам со тоа.
Од torba.mk ја порачав салицилната киселина со цел да ги намалам порите... дали е добро да ја комбинирам со крема од полжав како ноќна рутина? И дали е потребно пред салицилната да користам тоник или само пена за чистење на лице е доволно? Следно на листата ми е ниацинамид
Јас го земав ниацонамидот од капиштец дм неделава, ама долго време идам и си прашувам вработени, па ми се погоди. 275 ден. Презадоволна сум и за неколку дена. Наутро ц на оливал, 50 ка фактор на haliocare. Претходно двојно чистење. Навечер двoјно чистење, ниацинамид и крема. Ќе сменам рутина кога ќе престанам да дојам, нешто појако, ама за сеа е супер.
Здраво на сите. Јас почнав да ги користам витамин Ц насабајле и крема со спф. А навечер ставам една вечер ниацинамид, една вечер АХА. И ставам крема на Uriage 3-regural. Имам големи резултати. Иако читав дека некои АХА киселината ја измиваат јас не го правам тоа. Немам ни најмало црвенило од нејзе,а не како што кажуваа некои членки погоре дека ќе се запали лицето од неа. Еве јас сум здрава и жива и со лицето имам големи видливи промени! Ова е моето искуство кое што сакав да го споделам со Вас. Поздрав до сите
@Pixi5 Еве 2 видеа што зборуваат за нивно комбинирање, првото конкретно за ова кажува околу 18-та минута, а второто околу 13:30 . Спојлер
^Според видеата, а и од што читав, мене повеќе ниацинамидот ќе ми одговара од витамин Ц. Не би сакала одма со повеќе да почнам да комбинирам, ќе пробам насабајле хијалуронскиот, а за навечер ќе земам само ниацинамид па ноќен крем. Денес го пробав хијалуронскиот, не сум навикната на толку чекори во негата на лице, прво измив со гел, па тоник, па серумот, крем околу очи и лице и пред да излезам спф и лабело со спф. Ко на бебе ми е лицето, ама ќе ми се смачи за брзо.