Женски, и се случило ли на некоја да и се појават мали ситни акнички од ниацинамидот/салицилната? Вчера прв пат ставив, денеска имам неколку така ситни црвени точки. Знам дека ниацинамидот знае да направи skin purging, да извади се од под кожа, ама денес не ставив салицилна, реков како за почеток барем на 2-3 дена разлика најмалку. Читав во групата за ординери дека имаат слично искуство, но што мислите? А и пред добивање сум, може и тоа влијае... Некоја ако сака да сподели совет како да продолжам, ќе бидам благодарна многу
Колку време ти беше така? Кај мене не е ич страшно, буквално се 4-5 ситни точкички што ми се појавија денес
Јас го користев на Балеа,многу ми се допадна, планирав пак да земам ама го немаа повеќе достапно никаде па зедов на Natural wealth.
Може да му е нианцинамидот премногу концентриран на кожата па да ти реагира. Мешај го со кремчето за лице и би требало да ти е подобро.
Денес ми пристигна салицилната од torba.mk и се плашам да ја прибам бидејќи немам крема со СПФ, петок ќе ја добијат во аптека...Како ќе дочекам до петок да пробам и сама не знам хаха иии се надева дека нема да имам лошо искуство. Салицилната киселина не е посилна? Или во заблуда сум.
Здраво девојки Прочитав доста позитивни коментари за серумите, па решив да си купам. Имам 33 години, комбинирана/мрсна кожа. Препорачајте ми кои би биле најсоодветни за мене да ги земам.
Салицилната е 2% а нианцинамидот е 10%. Препораката за како да се користи го кажувам од сопствено искуство, го користам на The Oridnay салицилната киселина и на revox нианцинамидот. После неколку дена мене ми направи акни исто иако некои други акни и лузни ги тргаше, користев по 3-4 капки па после кремче. Некаде на интернет најдов некои го мешаат со кремата за лице (бидејќи има 10%, сепак e многу концентрирано и им реагирало бурно кожата) и да си испробам јас и ми е многу подобро, мешам 1-2 капки со Cerave Moisturising Lotion и го ставам на целото лице, има доста разлика. Исто така гледам и да го користам на секој втор ден за да не и биде многу на кожата.
Салицилна, гликолна и ниацинамид, иста кожа имам, тие ги земав за почеток. Гликолната досега 2 пати, салицилна секоја вечер ( не знам за почеток дали така треба или поретко, мене не ми пречи досега), ниацинамид секое утро. И како што ми препорачаа, а гледам многу девојки користат крема спф. Искрено досега немам користено, ја земав на Eucerin oil control 50. И една другарка почна со ниацинамид и салицилна, многу попроблематично лице има од моето, забележала подобрување околу акни и црвенило.