Доколку е дупла темава слободно канта. Пред некое време се појави на нашиот козметички пазар нов македонски бренд за козметика наречен Revuar, поточно наменет за течни мат кармини а сега гледам дека има руменила и лакови за нокти. Лично јас ги пробав нивните течни мат кармини и ми оставија предобар впечаток што значи квалитет имаат неверојатен.Водоотпорни се,трајни,лесни и не се лепи на усните,не ги засушува до степен да дојде до дехидртација напротив држат ратација а сепак се мат,имаат висока пигментност и ги испакнуваат усните. Еве едно кратко видео што го сретнав на Јутуб Па слободно споделувајте искуства,критики,совети итн.. околу оваа козметика
Зошто Гугл не слушнал за козметикава Да едитирам... Македонски бренд произведен во ЕУ.. еу може и бугарија да биде..широк поим..
https://www.facebook.com/revuarmakeup/ Јас на ФБ ги забележав. Цената им е 200/250 ден. Повеќе не се.
Сум видела дека во Сити Мол има ама никогаш не сум застанала да разгледам баш нареден пат ќе видам што нудат.Некако не ми е ова сигурно, не дека го кудам своето ама знам колку имаме способност ко нација за некаква козметика.Од се наше што сум користела мислам дека лицево ќе ми станеше рошаво
И јас сум скептик, ама би му дала шанса, да не биде дека кудам се што е наше. Вака амбалажите океј ми изгледаат, ама побитно е тоа што е внатре. Ај нареден пат ако ме носи патот натаму, баш би сакала да пробам од тие течните мат карминчиња, гледам имаат убави нијанси, а и ги фалите.
Мене ми е криво што ги нема во мојот град па неможам да си набавам уште неколку омилени нијанси. Моменталното што го имам по карго го набавив.Стварно ми се прекрасни прв пат да пробам нешто наше а убаво.
Јас имам користено мат течен кармин на оваа фирма и за разлика од мат кармините на малена овој е каде каде подобар и со поголема трајност.
Околу 200 денари се гел лаковите. Ги немам користено затоа што не користам гел лакови, но имаат убави бои.
Јас сум презадоволна од хајлајтерот 01 пигментацијата е предобра , цените им се супер. Имам ламба за нокти вчера купив од новите лакчиња ќе пробам баш имаат многу избор на нијанси.