Е Ова потврда од гин кој го разгледал извештајот па ми направил ехо и дал одобрение - немам таква. Кумбсов копија не треба?
Кај мене маж ми ми ги поднесе документите, јас имав: -копија од ливчето со крвна група и рх фактор, каде што пишува позади дека е потребно инекција (тоа го правев некаде 12 недела на трансфузиологија)-не знам дали е тоа Кумбсов тест, -фискална сметка со сметкопотврда, -потврда од матичниот гинеколог, -копија од трансакциона, -и маж ми пополнил некој формулар.... Му дадоа некое ливче, и му кажаа за месец и пол ќе ги имаме парите...
Фискaлнa сo сметкoпoтврдa Извештaј oд трaнсфузиoлoг Кaртoнче сo крвнa групa кoпијa истo ми пoбaрaa Пoтврдa oд мaтичнaтa декa е применa инекцијaтa И трaнсaкцискa сметкa.
Епа тоа е, извештајот од трансфузиолог. Мене ме прати гинекологот на ГАК и тоа ми го побараа на шалтер. Картонче со крвна група не ми побараа.
Овие париве шт ги рефундираат да не спаѓаат под приходи за одданочување? Ќе треба да пријавуваме за нив данок? И дали ви праќаат решениеја дали барањето е одобрено? Пример мене ниту за клексан ниту за ова не ми стигнува на домашна адреса решение со кое барањето е одборено, туку само пари на сметка.
Не сум сигурна, но мислам дека не плаќаш данок. Иако не е за исклучување и таа можност, зошто јас заради фраксипаринот во првата бременост бидејќи и мм беше тогаш невработен кога сакав да поднесам барање за социјална помош ми рекоа дека немам право на социјално, зошто на трансакциска сметка ми стигаат пари. Не ги интересираше тоа што се тие парични средства рефундирани. Јас сум имала прилив на парични средства, друго не е битно. Инаку не праќаат никакво решение, само пари на сметка.
Oooj, имаш пари на сметка, бог да чува. Па нека проверат од кај се....а уште даник да им плаќам кај не ги враќаат цели....еден куп ќе бидат со клексаниве @Jagoda123 ЈАготке, ти стигнаа парите? Мене вчера ми беа префрлени, а поднесов на 7-ми месецов...
Уште не. Добив препорачана пратка, отидов во пошта и гледам писмо од фондот. Делумно ми е одобрено барањето. Делумно!? Па или е одобрено или не е. Ова со писмово не ми е јасно ич. Во првата бременост ни за фраксипарините ни за ова писмо не добив, само пари на сметка. Тебе писмо ти стигна?
Писмо цело време не ми стигнува, ниту за клексаните, ниту за имуноро. Бев во фондот минатата недела (поднесував ново барање за клексани) и уз пат прашав дали ми се одобрени и ми кажаа и мене делумно, така да ваљда сметаат дека тоа што рефундираат 70% е делумно. Прашав зошто не ми стигнуваат писма зашто ми кажале и други дека им стигнуваат, ми рекоа сигурно ти се пратени ама не стигнале, ...кој ги знае. Писма знам и на други што им стигнуваат. Значи дека ќе ти ги префрлат, ама зошто олку време чекаш кога јас после тебе поднесов барање...не знам.
Маж ми на 2ри поднесе, немам ништо на сметка ама таму му кажаа за месец, месец и пол... Колку точно ти рефундираа?
Феминки ве молам за некоја утеха ако ја има.јас имав спонтан и сестрата ми кажа дека ми ставила инјекција дека сум рн негатив.денеска дознав дека сум трудна и после испадна дека воопшто не ми ја ставиле таа инјекција туку друга некоја што ставале после киретажа.Јас незнам каква збрка направиле. И сега што ќе биде со плодов .ова значи дека сигурно ќе го изгубам или ќе има деформитет? Ве молам за совет ако има некоја или познавате некој со ваков случај.се консултирав со еден гинеколог вика да не кревам паника не било страшно дека касс тогаш не сум имала оформен плод во 5 недела абортирав.Ќе пукнам
Побарај упат за трансфузиологија и направи Кумбсов тест. Треба да испадне негативен. Не се грижи, мали се шансите да се создале антитела.
Kakva e taa inekcija posle kiretaza sto se stava? I mene samo Edna mi stavija posle spontaniot ? Od kaj znaes deka se toa razlicni ?
@suzimuzi бидејки поминало време од киретажата, Кумсовиот тест ке покаже. Не знам со согурност но и јас мислам дека мали се шансите да се создале антитела за толку кратко време. Убаво те советиваше jagoda123, упат и на трансфузиологија. Ај па пиши ни.
Можеш да го направиш во секое време. Без грижи, јас сум скоро сигурна дека се е во ред. Побарај си упат и мирна глава. Со среќа!
Јас сум Rh негатив и треба да ја примам инекцијата ама колку што имам читано по интернет таа се прима во 28 недела а матичнава ми вика во 29 недела има ли некаква врска во која недела од бременоста се прима инекцијата