На толку боцкање, уште таа ми остана да ја пробам. Да не останам покусо и нешто да не ми остане не пробано
Не ми збори за него, катастрофа невидена!! Одам денес и гледам заклучено , користил ден од годишен одмор и ставил исвестување кој му е замена. Ајде од таму се префрлив во др. болница кај замената и докт. се чудеше како тоа да не ми даде упат да го направам тестот и плус човекот не ни бил известен дека денес треба да го мени. За жал неможел тој да ми даде упат морало матичниот.Што е најјако од се на матичниот му ѕвонев упорно и на крај крена и му објаснив што и како ми кажаа и ми вика е како да не, што ќе им текне Пак он во право Ми кажа утре да одам ќе бил таму па ќе видиме што ќе направам. И мене ме фати инает и ќе пробам се за да ги рефунд. парите. Со тие пари ќе си го платам следниот преглед на приватно зошѕо да не си ги земам.
Јас прво со упат од матичната го направив тестот за антитела на трасфузиологија(зборам за во Битола)кој беше негативен и со упат на клиника докторот ме пушти да си купам инекцијата Immunorho(2867ден)се вратив сестрата ме боцна и се потпиша на рецептата.Документот од трансфузиологија,од гинекологот од клиника,рецептата и фискалната од аптека ги поднесов во фондот.Една вработена проба да ме врати дека сега не важел законот за рефундација и да барам матичната да ме боцне,потоа и дека вработениот не е тука да не се мачам да го чекам.И реков законот го знам како е а и не ми е хитно можам да чекам и отиде и го најде.Негова обрска беше само да се потпише на документите.Утредента ми стигна изестување дека ке ми бидат вратени 2159ден и за една недела ми ги пуштија.Не знам колку пари дадов и кога треба и не треба овие од инает им ги зедов.
Инаку јас сакав да прашам рх фактор сите ли испитувате . Мене матичната ми кажа дека од возачката било веродостојно . Се мислам сега
@ada21 мене ми рече мора.Исто и трансфузиологот. Дури ме искара зошто не сум направила во 1 тромесечие.
@ada21 и мене матичниот ми кажа дека се важи, па еве сега во петок повторно испитував бидејки испадна дека не важело картончето од возачка. Толку разбираат матичните
@ada21 При првиот преглед кај матичниот ми даде упат за кр.група и рх фактор. Ама јас не ни знаев која група сум. Мислам дека е најпаметно повторно да си испиташ, да си имаш на лист.
@eli25 @Seduction а кој освен матичниот треба да ме упати , што знам . Каде го бараат тоа ? Каснам ли? Леле ме исплашивте сега . @forumce и јас ја прашав дали тррба , вика си испитувала ли и баш кажав дека за возачка , ок е се важи ми кажа . Да се редактирам , б позитив сум иначе . Можно ли е да биде грешка тоа . Пак ли да испитувам?
@ada21 Не бе мила не си закаснила, не е страшно ништо, но ете може ќе ти затреба за нешто и некои бараат на лист да имаш. Еве на пример во мојот случај.. јас дека сум рх негатив и во фондот ми направија проблем за да ги рефунд. парите за инекцијата што ја примив во 28ма недела, па морав на трансфузиологија да одам и да ја испитувам од ново. Незнам зошто но тоа картончето од возачка не сакаа да го признаат, ми кажаа дека во бременост морало задолжително да се испита повторно Мора матичниот/а да ти даде упат за трансф.
Јас имав испитувано крвна група за возачка и во книшката плус ми ја пишаа,ама матичната уште на првиот преглед ме прати на трансфузиологија да испитам повторно и ми ја запишаа во мајчина книшка,плус на посебен лист кој ќе ми го бараат за пораѓај.
Ќе одам ќе испитам , се надевам не е грешка ова за возачката . Дека како што читам оваа инекција се прима 28 недела , а јас веќе 31 ја терам .
@wannaBeMomma па тоа ми е прашањето . Дали крвната група и рх факторот од возачката се веродостојни . Можно ли е да бидат грешка , дали треба пак да испитам . Не кажав дека треба да ја примам инекцијата .
Да, не може да е грешна. Која крвна група ти ја пишува на картончето од трансфузиологија таа група си. Во Систина ништо не ми бараа. За ГАК не знам како е.