@ada21 не се стресирај непотребно мила, не верувам да е грешка. Него за да не ти затреба понатаму па да го имаш ливчето за потврда за секој случај, дека еве некои не го признаваат од возачка.
Во систина не ти барале затоа што не ги признаваат резултатите од друго место. Прават кај нив пред интервенции. Зимото кога лежев ми објаснија дека се случувало да имаат грешни резултати луѓето, а со крвна група и фактор нема играчки и ова им е задолжителен дел од протокол.
Каде може да се направи Кумбсов тест приватно во Струмица, Тетово или Скопје? Треба да се биде гладен пред тоа? Цена? Ве молам за помош, итно ми е.
На приватно во Струмица Комбс тест прават во Филип втори, ама нема да можеш да си ги рефундираш парите од инекцијата што треба да се прими, бидејки во фондот бараат извештај од трансфузиологија, тој од приватна клиника не го признаваат. Мислам дека нема врска дали си јаден или не.
Сама сум крива, упатот им реков да ми го дадат за во Струмица, а јас поради сплет на околности не бев во Струмица. Али среќно заврши, сабајлето првиот автобус и го направив тестот во државно. Е сега треба да примам Rhogam inked. Цена од прилика за оваа инекција знае некој?
А дали знаете дали ќе ми примат потоа во фондот извештај од "8-ми септември" ако е правен тестот? Не можам да чекам термин за трансфузиологија на државна....
А зошто да чекаш термин. Земи од ГАК приоритетен упат. Јас во 8ми септември не сум чула некој да оди.
Не сум сигурна, ама околу 2800 некаде мислам дека е. @Ambra20 Незнам мила, јас не сум од Ск. Ако имаат слкучено договор со фондот ќе ти ги рефундираат..ама прашај си некој што знае.
Јас однесов книшка од крводарителство и ми ја пресликаја и ја захевтаа на мајчината книшка не ми направија проблем рекоа било каква потврда
Знае ли некој до кога најкасно можам да ја примам оваа инекција. Ми закажаа преглед за следна недела, а до тогаш ќе бидам 28+3, да не е доцна тоа?
Во петокот прашував дали треба во 27+ да се прими или 28+. Ми рекоа 28+. Ептен ми е тазе информацијата
Колку време се чекаат резултатите од тестот? Јас си претпоставив дека као и за се друго на трансфузиологија, резултати има одма