Кажи ми во резултатите експлицитно ти пишуваше да примиш инекција? Кај мене само дека доколку таткото е + да се процесира. Ништо конкретно. Тупаџии се од фзо, па да не ми прават проблеми.
Да, копија бараат од извештајот. Оригинал само фискалната и потврдата од матичен дека си ја примила инекцијата. Нема проблем
Здраво мешиња Ние напредуваме и стигнаве до 11 недела. Сега ми е потребно ваше мислење и искуства ако имал некој. Јас сум негативна крвна група, а сопругот е позитивна. До сега имав три пати крварење од кои 2 пати кафеаво и 1 крв, но само при бришење беше не некое обилно и примав лекарства по препорака на матичниот гинеколог. Но денеска бев на контрола и матичната ми вели бидејќи сум имала крварење сака да ми стави инекција која се става во 28 недела (за ние што сме негативна). Вели наредна недела, а јас наредна недела ќе бидам 12 недела. Што да правам??? Со првото примив инекција само когај се породив,а во 28 недела не.