Бев на трансфузиологија и сум негативна. Не ми е јасно зошто во 12 недела да ја примам инекцијата која треба да се прими во 28 недела?
Не за да провериш крвна група, туку транафузиолог да те советува дали треба или не да се прими инекцијата.
Треба да одиш. Сепак тоа е одлука на транафузиолог. Допилнително, парите нема да можеш да си ги повратиш без потврда од трансфузиолог.
Денес слушнав една работа која мн ме заинтересира па сакам да слушнам искуства ѝ мислења. Една жена што има две девојчиња не планирале трето бидејќи докторот и рекол оти се иста крвна група со мажот и пак ќе им било девојче и третото. И се потрафи и и викам и јас со мојот маж сум иста крвна група и имаме два сина значи немам шанса за девојче. Демек какво ќе ви било првото дете такви ќе биле сите колку и да раѓаш ако сте иста крвна група. Дај нека пише некој што е иста крвна група со мажот какви деца има. П.с. Сеуште немам план за трето а многу сакам девојчиња и ова ме замисли
Крвната група нема врска со полот на децата. Некогаш се чудам какви небулози знаат да истрескаат докториве. Да, јас и мм сме иста крвна група, имаме две синчиња, а мајка ми и татко ми се исто така иста крвна група, па јас немам сестра, имам брат. Полот го одредуваат хромозомите во сперматозоидите, а не крвната група.
Здраво девојки. Дали може инекцијата за негативна крвна група да се прими порано т.е во 12 недела. И дали ако нема напишано мислење од трансфузиологот може да се прими инекцијата и може да се рефундираат парите. Фала однапред. Поздрав
И јас и мм сме А+ па еве принцезата наша вчера наполни 8 месеци, немав никаков проблем во текот на бременоста фала му на Бога
Здраво .. Сакав да прашам некој со искуство како моето, кога матичниот гинеколог ќе заборави да ви даде упат и термин на време за на транфузиологија за да се испита крвна група за да ја примате инекцијава, што направивте, дали изнајдовте некое решение ? Мене ми рекоа дека мора на трансфузиологија на клиника да се испита иначе не ги признавале резултатите од приватниве лаб во социјално и некако да се проба матичниов да ти даде упат за на гинекологија па итно од таму да ти дадат за на трансфузиологија. Зошто јас сум веќе 27 недела,петок 28ма. Незнам дали вака ќе завршам работа, а губам денови од работа .. само ме шета навака натака а негов пропуст е ова.
А приоритетниот упат кој треба да ми го даде? Зошто матичниов не ми дава. Јас денес ги змаолив да ми дадат обичен за на гинекологија.
Мамички, јас сум -, а сопругот +. Ова е од возачката. Ниту упат за крвна група ми има дадено матичниот нити сум примила нешто, не знам како можев да го занемарам ова. Сега сум 40та недела и треба да се породам кај и да е. Што да правам да појдам приватно да испитам крвна група побрзо зашто од возачка не ги земале во предвид? За на ГАК немам време, во секок момент може да се породам. Не знам што да правам ве молам за совет
Да, откако ќе се породам тогаш се прима, и јас така знам. Туку проблемот е што немам картонче за крвна група од ГАК, а од возачката не ја прифаќале крвната група како веродостојна. Затоа прашувам што да правам, дали имам време за на ГАК да испитам колки време се чека или да појдам приватно? Знам дека на приватно нема да можам парите после да си ги вратам ама не е битно кога немам избор и што ако отидам во Чаир без картонче на пораѓај?