Испитај на трансфузиологија, за неколку часа имаш резултати. Може и на приватно , а и со упат од матичен.
Прв пат слушам дека не го признавале мене матичната ме праша дали имам документ без разлика дали е тоа од возачка дозвола или од донирање крв
Женски, ај споделете искуство, дали ова нешто се променило во задниве 4 год, не ми е јасно. Читам низ темава дека задолжително било мислењето на трансфузиолог за да ми ги рефундираат парите од инекцијата, а богами не е евтина оваа што ќе ја примам. Во првата бременост само со потврда од матичниот гинеколог и фискалната сметка ми ги рефундираа. Какво е тоа мислење што трансфузиолог го дава, зарем не се подразбира дека со rh позитивен татко мора да се прими инекцијата?
Vo 28ma nedela se prima obavezno i po poroduvanje no SAMO dokolku bebeto e pozitiv. I toa vazi za sekoja bremenost bez razlika dali e prva ili petta.
За најбрзо мој совет е да испиташ во некоја од приватните лаборатории (Авицена, Адриалаб) и резултати добиваш истиот ден. Инекцијата се прима во 28 недела превентивно или по испитани антитела. Сепак, повеќето гинеколози ја даваат во 28 недела и без испитување. Сепак ако е прва бременост и ако при испитување на антитела се покаже дека нема потреба да ја примиш во текот на бременоста, не е страшно, но задолжително сите ја примаат по пораѓај ако бебето е рх позитив. Потребен ти е упат од матичен гинеколог за испитување на антитела на трансфузиологија. Без и тоа мислење, фондот не ги рефундира парите, тоа мислење спаѓа во задолжителни документи кои треба да се поднесат за рефундирање.
И јас со мислење од трансфузиолог рефундирав. Едно пусулче ти даваат (на рака пишувано) и со тоа во фзо. Мора рестрикции да се прават
Незнаев дека има и ваква тема, моето прашање беше префрлено во спонтан абортус. Малку помош. Спонтаниот се случи , сабота јас понеделникот ја примив Имунохро. И матичната и Ивф докторот ми рекоа дека треба да ја примам зашто спонтаноот бил на граница на деновите кога почнуваат да се создаваат тие антитела. Ама на трансгузија не бев. Поднесов во фонд за поврат на пари ама со извештајот од ГАК од ехото после спонтаниот, и потврда од матична фискална сметкопотврда крвна група. Иначе прва бременост прв спонтан. Имате ли искуство во ваква ситуација. Ке ми вратат пари? Несакам да им ги оставам и клексани и инекции и се сакам да ми вратат. Ем од плата ми кратат нели боловање ем и од редовна плата зимаат. Бесплатно здравство за сите нели. Извинете малку се распишував
@Ambra20 @kukla21 зарем и за втора бременост ќе ме малтретираат све од почеток да правам? А веќе два пати имам примано имуноглобулини Ќе мора изгледа да го прашам и матичниов, сега за сега само ми го напиша како рецепта ако решам да купувам набрзо.
Минатиот пат не бев на трансфузиологија, пишав погоре. Само проверив уште еднаш крвна група во Адриалаб (покрај тоа од возачката) и матичниот напиша некаква порврда која ја дадовме во фонд. Баш се нервирам ако треба да ме маткаат пак. @wannaBeMomma знам дека мора, нема бегање А ти си исто rh- ? За вторава бременост правеше све почнувајќи од испитување крвна група?
Не испитував јас ни првиот пат. Само ме праша која крвна група сум и и реков 0- и дека имам картонче од трансфузиологија. Па така си ја примив во 28ма а по пораѓај не. Пред пораѓај процедурално ми испитаа крвна група оти не прифаќале од страна. Еве и вторава сега во 28ма си ја примив ко попче
Аха. Значи ти не носеше за рефундација на парите? За примање знам дека ќе си ја примам (јас и во болница примив уште една доза), но мене богами не ми се даваат 3500 ако може поголемиот износ да ми се рефундира. Мора убаво да се информирам на време
Епа види со женскиве што носеле, јас не рефундирав. Негде под 3000 ме кошташе. Ништо евтино нема у трудноќава
Море остај, овој пат барем фатив измени, со упут сите прегледи да се бесплатни. Пред 4 години све се плаќаше Мојава инекција Рофилак беше околу 3500 а може и накај 4000, незнам колку е сега но ќе си ги барам парите назад.
Imunro ja primiv jas vo sistina. Site se isti taka da vidi zemi si koja ti e najevtina. Da barem toa nesto da se iskoristi hahha Jas samo krvna slika praam gaga
@Babynew жал ми е за тоа што ти се случило, но од она што јас прашував, без извештај од трансфузиологија и потврда од матичен дека кај нив си ја примила инекцијата, не рефундираат.