Тоа е само за Rh негативни зашто инекцијата ја купуваат сами па фондот ги рефундира парите. На твоето картонче пишува и крвна група и ресус фактор (Rh), не ти треба друго за пораѓај.
Свашта. Баш како ќе им текне. Јас вториов пат им го приложив истото картонче од 2014 год, зашто од возачката што ми е од 2002 све е избледено
Да, рх негатив сум Но мислев дали треба пак да правам комбс тест или нема потреба и кога точно се принаше 27ма; 28на недела?
Девојки со првата бременост кога ја примив инекцијата од 300мг не сакаа да ми рефундираат пари од фондот со образложение дека рефундирале само од 250мг... дали сега е нешто сменето околу тоа , дали сега рефундираат од било која грамажа?
Прв пат слушам за ова. Сега проверив да видам мојата инекција колку мг беше, но двата пати ми ја рефундираа а 300мг беше. Првата ја примив 2014, втората оваа година. Кога ти е примена прв пат?
27+5 е всушност 28 недела, но ако добро се сеќавам јас ја примив со полни 28 недели. Што ти вика матичниот?
Матичниот ми кажа во текот на таа недела кога сакам да одам да ми ја стават, но колку што се сеќавам со синко ја примив 28+0 и затоа ми е во мисла, незнам дали да чекам петок кога ќе бидам 28+0 или сепак да одам денес или утре ?? Според вас 28+0 ?
За да ми ги рефундираат парите од фонд мора ли да одам на трансфузиологија во Скопје или може и на трансфузиологија во градот каде што живеам? И инекцијата која ќе ја купам да појдам кај мојот матичен да ми ја стават или таму на трансфузиологија ќе ми ја стават?
Трансфузиолог од таму кај што живееш. Крвна група и мислење дека треба да ја примиш. Фискална и потврда од аптека за купена и потврда од гинеколог дека ти ја прими инекцијата. Матичниот гинеколог ти ја става
Дсли мора во ист ден да се прими инекцијата и да се направи комбс тестот или може и во различен ден, давав крв од сабајле, резултатите ќе бидат после 14:00,а за во болница за примање на инекцијата ќе ми закажат за утре. Ја прашав сестрата кај матичниот гинеколог, ми рече дека е битно да се прими во текот на 28 недела, а дека не мора во ист ден. Има ли некоја такво искуство или сите сте ја примиле во истиот ден. И по ново инекцијата се примала во општа болница на гинекологија и нема потреба сами да ја купувате инекцијата, барем мене така ми кажа сестрата.
Незнам колку е ова ново, јас примив во март но сама си ја купував. Треба да си полна 28ма недела, само тоа да се запази.