Незнам дали веќе ја имаш ставено, но сега го гледам постот. Не мора ист ден да се направи тестот и да се стави инекцијата. Најбитно е кога ќе ја купиш одма истиот ден да одиш да ти ја стават. Мене тоа ми го потенцираа и да, кај матичен гинеколог се става. Барем јас во 28ма кога ја ставав беше така.
Ја примив инекцијата во 28+1 гн. Претходниот ден правев тест, резултатите беа готови до 15:00,за утредента од кај матичниот гинеколог ми закажаа за на гинекологија во општата болница во Куманово. Таму ми го земаа упатот, документот за испитана крвна група од трансфузиологија и кумбсовиот тест. Најпрвин ме прегледа докторката на ехо, потоа ми земаа крв и урина и ми правеа цтг. Ме пратија да ми отворат историја во болницата и потоа ми ја удрија инекцијата таму. Не ми наплатија ништо, ниту пак си ја купував јас инекцијата. Се на се, многу добро поминав и среќа што нема веќе толку малтретирање. Вака било по ново,а од кога почнало да важи не знам. Се надевам дека со моето искуство ќе помогнам некому.
Здраво феминки, ја сум а-негативен. Докторот ништо не ми спомнува за инекција а веќе сум 25та недела. Еднаш го прашав а тој ми рече кога ќе дојде време тогаш. Е сега кога бев на скрининг во Ремедика и докторката ми спомна, а матичниов ми закажа дури во 29та недела преглед. Се плашам да не пропуштам термин за инекција (не знам ни дали треба). Побарав упат за трансфузиологија за ддимери, меѓу другото и за ова но ми даде еден упат на кој пишува ф-ри на хемостаза, д-димери, фибриноген. Дали е ова во ред или треба друго да пишува? Поздрав
Јас ја примив бесплатно Свекрва ми работи во болница,па со врски. Иначе имале нивна одредена квота ама ги чувале за "свои" луѓе. Сестра ми прими 2 пати после првиот пораѓај и после спонтаниот сами си ка купија па им рефиндираа 70%
Јас ја примив бесплатно после спонтаниот,ми зедоа крв пред да влезам во сала ја испитаа и пред да ме пуштат еден сат ми ја ставија инекцијата.
Здраво на сите Јас ја примив инекцијата во 28ма недела точно и ја примив во државна болница, само ми рекоа да си отворам историја и толку не платив ништо. А да и на ехо само ме виде докторката.
Zenski ispitav krvna gruba 0+ sum isto i maz mi, znaci ne treba nikakva inekcija da primam? Taka mi idi logicki a i si pisi Antybody screening negativ..