Здраво феминки, го направив тестот и ова се резултатите. Утре ќе одам кај матичниот ама претпоставувам дека треба инекција со оглед дека мм е 0+ . Сега со ова одам во аптека или како иде процедурата? Инаку сум 28+5 според добиено, а 28+1 според големина на плодот. Не е доцна нели?
Jas sum Rh- a soprugot 0+ so prvata bremenost primiv vakcina vo 27ma nedela a kerkickata ja rodiv so krvna grupa 0+ i ne dobiv nikakva vakcina vo rok od 24-72h, sega sum bremena pak i sum 24ta nedela. Dali moze da nastane nekoja komplikacija so vtorava bremenost?
И јас сум рх- а сопругот рх+. Син ми кога се роди примав рогам, и тој е рх+. Сега во18гн ке правам кумбсов тест да видиме дали има антитела да се знае дали треба да примам рогам. Барај си упат за трансфузија, со тестот ке се знае дали имаш или не антитела. Поздрав
Со резултатот треба да има и мислење од специјалистот, таму ке пишува дали треба. Барем до сега така беше, мене ова ке ми биде второ такво испитување. Инаку да си знаеш дека за инекцијата фондот рефундира средства, можеш да си поднесеш документи за да ти се вратат пари. Една инекција е околу 2300,00 ден. Јас со првата бременост примив во 28гн и после пораѓање.
Ти благодарам.Јас ќе бидам 27 кога ќе испитувам значи имам време за да ја примам.Ја примаш кај матичен или треба да одам негде?
Ве тераа пак да проверувате крвна група во бременост иако пред тоа сте си имале проверено? Мене мојава матична не ми кажа ништо,а денес другарка ми вика дека сите повторно проверувале во бременост,ме збуни Иначе си имам во кничка со печат,уредно се.
Тогаш примив на Гак, ја носев со мене, а ми се погоди на контрола да одам, па ми направија услуга. Мислам дека може кај матичен гинеколог.
Женски да не враќам да барам по странициве,кажете ми кој прими Рогам инекција за Rh фактор ? Во фонд оригинал извештај давате од трансфузиолог или копија? Нели за породувањето бараат доказ некој?
Девојки јас сум аб позитив за таткото на бебето незнам и неможам да го прашам која крвна група е и сега што да правам?