Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

RH-Фактор и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од bibikim, 14 декември 2009.

  1. Малечкоxxx

    Малечкоxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Српак идпафна дека треба да ја примам инеквијата иако сум позитивна крвна група
     
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    Не треба. Инекциите се пуштаат само на на рх негатив мајки.
    Дај оди на второ, трето мислење.

    Ако си позитив, негатив антителата не ти сметаат, само на негатив мајка, позитив антитела и сметаат.

    Исто кога ако ти даруваат крв. Ти си позитив и можеш да примиш и од позитив и од негатив.
    Додека ако си негатив смееш само од негатив да ја примиш.

    Де бе, економист сум па ги знам овие работи, ако ова ти е од доктор да си ја скине дипломата под итно (facepalm)
     
    На kukla21 и srekice им се допаѓа ова.
  3. Малечкоxxx

    Малечкоxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Матичниот ми кажа да ја примам ама ја вака читајки решив да не одам сепак ке одам и второ мислење да побарам. Стварно не ми е јасно зошто ми рече да ја примам кога јас сум аб позитив
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Ме чуди кој гинеколог ти кажал ова... Само РХ негативни мајки примаат инекција. Чиста логика, кај тие мајки фали тој протеин и нивното тело го препознава како страно тело од плодот (ако плодот е позитвен). Ако си ти позитивна крвна група, примање инекција е целосно непотребно, и ако било кој лекар, особено гинеколог ти кажал да примаш, да го смениш веднаш. Или зема провизија од продажба на инекциите, или не е доучен.
     
    На srekice и Малечкоxxx им се допаѓа ова.
  5. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Само ако си негативна крвна група а бебето позитивна тогаш примаат.
    Порано практика била уствари после породување ако мајка е Rh- а бебето позитив тогаш во рок од 72 часа се примала инекцијата а не како сега бо 28 недела.Тоа било мислам за во иднина кога мајка пак ќе остане трудна телото да не го познае плодот како страно тело.
    Матичниот твој нешто се збунил.Прашај трансфузиолог исто ќе ти каже.
     
    На Малечкоxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Примив вакцина и во 28 нед и откако се породив.Тогаш ми кажаа две години да не останувам бремена да се исчистел организмот,но на 18м после пораѓај пак останав.Немам сеуште појдено на доктор по што денес дознав дека сум.Ме интересира дали може да настанат некој компликации иако ги примив вакцините?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам дека рх негативни мајки не смеат да останат бремени две години доколку примиле инекција.
    Сигурна си дека докторот на тоа мислел?
    Да не си била царски па затоа така да ти рекле?
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.902
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат слушам за ова. Да ме си со царски, па на тоа мислел докторот? :^)
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Не не сум царски , во Скопје се породивсо првото таму слушнав.
     
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.902
    Пол:
    Женски
    И јас останав трудна пред да поминат 2 години, па никој доктор не ми спомна дека сум згрешила. Се е во ред со бременоста.
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.486
    Допаѓања:
    9.416
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, во 18гн ке провериш антитела, ако е се во ред во 28гн ке примиш превентивно инекција. Штом си примила претходно веќе си заштитена. Инаку и мене никој никогаш не ми спомнал дека профилаксата има врска после колку време ке останеш бремена. Всушност таа инекција не се прима исклучиво само во бременост, туку и при други операции или интервенции, а за нив никогаш не можеме да предвидиме кога би затребле.
     
    На kristii и kikin им се допаѓа ова.
  12. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    За РХ-негативните каде ја примавте инекцијата во 28ма недела, кај матичната или во гиникологија ви ја ставија и дали прво бевте на гиникологија за рефундирање па бевте да ја купите или како оди процедурата некако не можам да ја сватам мојава матична?
     
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    Јас ја примив во 29та недела.
    Во нашата општа болница во градот, делот гинекологија.
    Не платив ништо.
    Ми отворија историја доле на шалтер, и по две недели си го зрмав отпусно писмо како доказ дрка сум ја примила ампулата. И требаше на матичната отписното за да пише во мајчината дека е примена, инаку и да не го земев ништо страшно ми рекоа дојди по две недели ако ти го бара некој.
     
    На Sandrin4 и E*N им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Било каде може да ти ја стават, мене дома пријателка ми ја стави, матичната само потврда ми даде дека е примена.
    Прво ја купуваш инекцијата, фискална земаш плус сметкопотврда. После откако ќе ја примиш во фондот носиш фискалната со сметкопотврдата, потврдата дека е примена , копија од картончето од крвната група и најбитното извештај од трансфузиолог дека треба да се прими плус трансакциска сметка.
    За месец дена имав околу 2100 префрлено. Инаку инекцијата е 2800.
     
  15. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Прво матичниот треба да ти даде упат за на трансфузиологија каде ке ти земат крв и ке ти дадат потврда дека треба да се прими инекцијата. Следно си ја купуваш инекцијата од аптека и обавезно зачувај ја фискалната ке ти треба за подоцна. Потоа кај матичниот гинеколог ке ти ја стави сестрата. Да си побараш и потврда дека е ставена.
    Со потврдата од трансфузиологија, фискалната, потврдата од гинекологот и копија од трансакциона сметка одиш во здравствено за да ти рефундираат 70% од парите.
     
  16. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Мене денес матичната ми даде упат за на гинекологија да одам од таму да ми даделе нешто за да можело да ми ги рефундираат средствата, па после да сум одела да ја купам, па да ми ја ставил било кој и каде не било битно и толку ми кажа, не ми спомна дека треба да земам потврда од кај неа дека ми е примена и затоа некако ми е не јасно. Но ќе и се јавам утре за подобро да ми објасни.
    А ти беше пред да ја примаш на гиникологија или не, и зашо треба да одам стварно не ми е јасно некако? Ти благодарам
     
  17. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски

    Го направив тоа на трансфузиологија, но ме буни тоа што треба да одам на гиникологија пред да ја купам и примам, ја прашав таму ли треба да ми ја стават таа ми вика а не таму не се затоа расположени :/
     
  18. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Прашај кај матичниот, мене таму ми ја стави сестрата. А незнам зошто пак би одела на гинекологија ако веке го имаш направено тестот, а не би ти ја ставиле таму.
     
  19. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Не знам, баш утре ќе и се јавам и ќе прашам некако баш ми е нејасно. Како и да е ти благодарам многу
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Во болница јас ја примив. Ништо не платив. И откако се породив пак ми ја ставија, пошо малото испадна РХ позитивно