Со упат во државна отидов и со претходно дополнително проверено крвна група иако имав. Таму ми направија преглед, цтг, крв и мокраќа бидејќи морале да достават документација за инекцијата така ми кажаа и ништо не платив. И после породување ја примив исто ништо не се плаќа.
Здраво мајки. Да ве упатам со мојот случај. Јас сум негативна крвна група, сопругот е позитивна. Со првата бременост, сите резултати на Кумбс тест беа негативни, и сепак ја примив Рогам инекцијата во 27-ма недела, во Велешка болница бесплатно. А ја примив и во Јули 2018,во Чаир кга се породив бидејќи малата беше позитивна крвна група. Исто и во Чаир не платив ништо за неа. Е сега, бремена сум со второ во 22 недела + 2 дена. Неќна во Велес правев иапитување и покажа позитивен Кумбс тест, вчера одма трчање до Скопје, преглед на бебето и ми дадоа упат за трансфузиологија , денес ѓи чекам резултатите. Уплашена сум 100 %, не можам да јадам, да спијам, душава ми плаче. Дали знаете некој со слично искуство ? Фала ви, убав ден
Пред 28ма недела, небитно во која. Во 28ма најкасно треба да се примат имуноглобулини. @Dikinzi што направи? Сега го читам твојот пост. Баш ме интересира која е разликата со позитивен и негативен кумбс, јас неможам да се сетам дека сум го правела, есноставно примив со двете деца.
Само ти, ако си негативна крвна група, и треба од кај 20та недела да почнеш да испитуваш,секој месец се додека не ја примиш инекцијата во 28 недела. А таа инекција треба и по пораѓај да ја примиш, било да е бебето позитивна или негативна крвна група. Ауу леле, што направив...животот ми се скрати, поим немам што направиле овде во Велес, ама и на друго девојче матичната ми кажа и се десило истото, па трчање до Скопје до трансфузиологија, да ми земат крв да иапитаат, плуа и преглед во фамозната 36 соба на Гак Стасавме во 9 и 30 Скопје, во 3 си тргнавме за Велес, живи нервози, едвај го дочекав резултатот наредниот ден, ама кога видов негативен камен од срце ми падна Се беше во ред, тука некоја утка направиле, и гледам сум пишала во 22 недела и некој ден, и знам дека околу 23 недела ја примив инекцијата, малку порано од што требаше , ама по препорака од Скопје. И сега пред 2 недели, бев пак во Велес на трансфузиологија, матичната ме прати па да сум испитала да види како е, и овој пат испадна негативен тестот.
Иначе ако е позитивен, треба редовни контроли , и следење дали е се во ред со бебето, оти не дај боже може да иападнат компликации.
Леле значи на мисла сега ме ставивте... пред три години со првото кога му спомнав на гин. дека сум - ми викаше не се секирај ако мене ме прашуваш нема потреба сега да те боцкам кога посекако во болница со крвна слика на бебето ќе те боцнат ако има потреба... и го послушав и не се боцнав трудна туку после порагај ќере излезе + па ме боцнаа во чаир.. @Dikinzi кажи нешто повеќе прв пат слушам за тој тест и се испаничив малце сега.. а знам дека кога ќе дојде време пак истиот муабет ќе ми го напраи гин. дека нема потреба итн итн..
За првата бременост не е страшно, затоа и не пратил, а верувај после примена инекција не е страшно ни за втора, само треба да си се испиташ. Ќе му речеш да ти даде упут да иапиташ Кумбс тест, ако нејке речи му од Гак ти барале демек, да си биле на чисто.
Аха.. значи со упат од матичен гинеколог и после на гак се прави тоа така? И само крв ти зимаат ништо друго? Наредна недела треба да одам за брисеви па да земам упат и онака на 16ти сум на гак за приска па да искористам во еден ден се
Да да,.мора упут од матичен, ама не знам дали ќе ти даде волку рано да испиташ, да само крв од вена зимаат. Кај нас некаде кај 20 та недела го прават тоа иапитување, а во Германија баш @ddevojce кажуваше , им зимале некаде кај 12 недела, па после 20 недела пак, кај нас е само едно , после 20т недела, и се прима инекцијата. А простор за паника немаш, оти ја имаш инекцијата примено.
После пораѓај инекција ежсе прима само ако детето е позитивна крвна група. Ако е негативна како мајката, не се прима
Кој ти кажа? Доктор? Јас два пораѓаи сум имала Со едно дете примив оти беше +, со едно не оти - И сестра ми е исто негативно, исто и таа Е сега ако општо така луѓе зборат, доктор ќе ви каже точно Самата медицина кажува, ако е позитивно создало различни антитела кои организмот не ги познава, ако е нег, исти се
И јас знам вака. Ако е детето + се прима инекција ако е - не. Ова и во болница ми го кажаа после породување. Чекаа резултати од крвна група на бебе и излезе + па примав инекција.
Јас колку што знам само мајки со негативна крвна група испитуваат, ама нека се јават поискусни па да не сум јалнаш