@NNK19 Со првата бременост во Мк примив во 7 ми месец инекција и се преселив во Германија, овде ми испитаа крв дали имам антитела па рекоа по пораѓај ако е бебе + ќе добијам уште една. И така беше. Сега со втора бременост примив во трети месец инекција бидејќи имав кафен исцедок т.е стара засишена лев од матката и ајде за согурно ми ја стави. Ја примив пак во 7 ми и здравје боже по пораѓај ако бебето е + . Мада и да се стави и на негатив бебе нема штета. Сестрата баш го праша зошто пак примив во седми, кога ме боцнаа во трети месец??. Докторот рече поарно една повеќе отколку една помалку.
Ако таткото е рх позитив а мајката рх негатив, тогаш треба да се прави тој кумбсов тест. Во која недела се прави не знам, оти во мк јас не правев такво нешто а примив инекција во седми месец. Дојдов во гернманија и тука ми земаа крв и видоа дека имам нешто во крвта и било у редо ваљда од инекцијата и примив дури по пораѓсј. Со втора бременост примив во трети во седми и здравје по пораѓај. @Dikinzi е поупатена за кумбдов тест она праеше ќе ти објасни.
Кумбс тест како што кажа @ddevojce се прави ако мајката е негативна крвна група, а таткото позитивен. Може да дојде до стварање на антитела кај мајката, поради тоа што бебето е со различна крвна група, и заради тоа се прима инекција Рогам се вика во 28 недела. Иначе кумбс тест се прави после 20та недела, зависи кога ќе те прати матичната на трансфузиологија да испиташ. Таму ти зимаат крв, и наредна ден стасуваат резултатите. Потоа си ја примаш инекцијата. А по пораѓај ако бебето е позитивна крвна група, примаш уште една доза. А јас мислев дека секако по пораѓај се прима таа, арно ама сум била грешка. Јас оваа бременост ја оримив во 23 недела, поради паниките погоре што ги напишав. Пред 2 недели пак бев да испитам кумбс тест, матичната ме прати, и испадна негативен. Сеа здравје по пораѓај ќе видиме како ќе биде. Можеш на нет да прочиташ поубаво објаснето. Пиши на англиски за антитела при бременост, или негати.крвна група ќе ти извади доста. Јас од таму си читав.
Секско се прима таа инекција во бременоста ама што покажува точно тој тест. Колку антитела и дали има или нешто друго.
здраво,сакам да прашам за инекцијата рогам,што во случај ако не се прими после пораѓај,а во текот на бременоста се прими во 28 недела? Поради грешка на докторот не ја примив после пораѓај,дознав многу покасно дека всушност сум требала да ја примам
Оф жалам не знаев. Да не испитале без да знаеш, па да заклучиле дека не треба да примиш дека било негатив како тебе. Но ако не испитале мора да се прими за секој случај. Последиците би биле на вторто забременување. Најдобро консултирај се со стручен гинеколог во врска со ова да не има последици за второ забременување.
Знам дека мора да примам но 72 часа од пораѓај,но ние тоа го дознавме три недели откако се породив.Кога ме испушташе докторот ми рече дека не треба да примам,за после кога ја земав отпусната листа да ми кажат дека сум морала да ја прима.Докторот тврди дека немало врска кога се прима,но при консултација со матичниот и други доктори викаат дека е касно.И самиот признава дека направил пропус кога ме испуштал и за да не го тужиме тврди дека и сега дс сум примала ке имало ефект.И невнимание и незаинтересирсност на сите доктори го изгубив и бебето и ова со инекцијата уште повеќе ме уништи.
Добро каде ова!? Мене на испис при киретажа од спонтан заборавија да ми стават, ама наредно утро ми се јави сестрата која разгледувајќи ги отпусните забележала, цел живот сум и благодарна. Не знам што да ти кажам. Прими ти пак сега, па во бременост секако пак во 28ма недела ќе примиш. А за тужење... Скраја да е нешто да се деси, ја ќе Би го стрелала. Меѓутоа можеби стварно може и сега да се прими. Распрашај се пак.
Во Битола се породив.Мене никој не ми се ни јави но кога ја земавме отпусната листа побарав документ дека немам примено таква инекција и тогаш им текна дека сум требала да примам. А дали некој знае кој се последиците од ваков случај.Ми кажаа само дека пред да планирам друга бременост да појдам Скопје на трансфузиологија се правело некое испитување за антитела
Да, кумбсов тест ќе си направиш обавезно. За последиците нема да дискутираме. Ќе си разговараш на трансфузиологија сепак тие се доктори и подобро знаат од нас. Сега не се грижи, нека помине малку и да си работиш на случајот за бременост
Јас при киратажа барав да ми ја стават не заминав додека не ја примив инекцијата само за тоа им зборував инекција да ми дадете ако немате сама ќе си ја купам само да ја примам.
Не е битна крвната група на таткото. Ако мајката е негативна тогаш се прима таа инекција. Сестра ми два пати ја прими.
Па и таткото ако е негатив исто како мајката тогаш и бебето ќе биде негатив и нема потреба тогаш да се прима