Така е да ама изгледа полесно им е вака да не се замараат со уште едно испитување, еее колку не знаат која крвна група се, а не па рх фактор. Башка ако детето не е од мажот? Одат и на таа варијанта вака шибај све со инекции да не се оди во детални испитувања и да не се растураат бракови
Хахахаха Шо си право -право си А и имам едно мислење кое морам да го кажам..дека со крвната група нема играње. Моите родители се со позитивна крвна група, до душа сите се..само едниот дедо( на мама татко и е 0-) јас сум родена со Б-, така шо гените се чудо, дали бил таткото или не..најдобро е да се прими..нема штета
Јас сум 0- а вереникот 0+ и докторот ми кажа дека во 27-8 недела ќе сум правела кумбс тест па ќе сум примала инекција. Ептен ми се смири душата бидејќи знаев дека ќе морам да примам, мајка ми имаше ми кажано, но доктор немаше ништо споменато, па сега кај новиот матичен сама си кажав и си прашав.
Мене не ме ни прашаа за крвната група на маж ми. Само ме прашаа јас која крвна група сум. Немаше потреба да примам инекција бидејќи сум рх фактор позитив. Мајка имаше рх негативен фактор, а јас сум обратно.
Јас знаев дека сум негатив и дека секако треба да примам. За вереникот не е важно која е, барем така знам. Тој и да е позитив и да е негатив, јас секако мора да примам. Имало случаеви и двајцата партнери негатив, па бебе да биде позитив. Поради тоа знам дека секако треба да примам, но немаше доктор ми посочено, откако прашав ми е полесно.
Здраво девојки. Сакам да прашам дали некоја од вас примала втора доза Рогам во 34та недела. Матичната ми рече дека треба да се прими и во службен весник така пишува, но денес кога ја примав првата доза во 28ма недела, на болница ми беше кажано дека тие не ја ставале втората доза. Матичната вели дека болницата штеди пари па затоа Има ли некоја од вас искуство со ова?
Јас досега само во 28, и после пораѓај сум примала...ова е чудно искрено немам слушнато.... зошто во 34, не разбирам. Кога секако примаш по пораѓај?
Не знам јас искрено пред да сум бремена знаев дека само после пораѓај треба да се прими. Еве го и извадокот кој ми го даде докторката.
јас до сега ја примав во 28, па после порагај. после спонтан...и искрено до сега кумсот не покажал антитела. И овој пат ќе примам тогаш. тоа во 34 ми изгледа премногу. оти со таа од 28 си покриен,,, а после пораѓај ако е позитивно бебето добиваш.
Имам примано после киретажа, во бременост во 28 недела и после породување исто а за ова во 34 недела прв пат слушам.
So prvoto primiv vo 28ma, i posle poragaj posto bese pozitivna malata. Sega primiv vo 28ma, kumbs nese negativen.
Прашав за димерите сега и за ова.. нема врска гладна или не може било кога да се направи кумбс нели? Си викам барем и тоа и тоа во исто време да проверам во државна да не одам два пати?
Докторот ми даде упат за индиректен кумбс тест. На 12 март треба да одам на трансфузиологија. Колку отприлика се чека за резултати? И откако ќе излезат што треба да пишува на резултатот за да биде во ред ?
Треба да пишува негативно на сите. Во Велес стасува за неколку саати, ваљда и во Скопје ако ти земат од сабајле може да стасаат до поручек. Ја коа одев итно Скопје да ми земат, ми земаа касно кај 13h, па ѓи чекав до другата ден.
Во Гевгелија ќе испитувам. Фала ти на информацијата. Ќе видам што како ќе излезе. Се мислам само да не биде касно оти сега сум 26+4 , закажаното е на 12 март, а имам слушнато дека до 28 недела се прима инекцијата.
Се прима во 28 недела да, ама со оглед на тоа дека кај мене по грепка испаднаа позитивни резултатите, па ја примив во 23 недела, не се секирај, некој ден ништо страшно.
Девојки рх б негатив сум, а сопругот рх а позитив. До сега си мислев дека само со втора бременост се испитува кумбсов тест, но денес др. Петрова ми напомена задолжително до 20 недела најкасно да проверам. Прва бременост ми е со близначиња. 18 недела сум. Прашањето ми е дали некоја од вас била и правела испитување во 8ми Септември на трансфузиологија? И како сте задоволни? Не ми се оди ич на клиника ама ич Друга работа, колку што сватив се откриваат со овој тест анти тела и рх фактор на бебињата? Што ако покаже дека некое од нив е рх негатив? Во тој случај се прима инекција во 28 недела? А ако не само после пораѓај? Не ми е малце јасно околу испитувањево...ако има некој нерви да ми подобјасни