На моја другарка и ставија инекција за време на бременост. Кога се породи бебето беше негатив и не прими уште една. Ако беше позитив уште една ќе примеше. Сега со тој тестот мислам се гледа дали имаш антитела, а после пораѓај земаат крв од бебињата да знаат дали уште една да примиш.
Ќе ти стават инекција. На другарка ми воопшто не и правеа тест дали има антитела или не и ја ставија.
Јас сум - мм +. Сим ми исто +. Примав инекција во бременост и после пораѓај. Ако и твоето бебе е + и ти ќе примаш, ако е - нема.
Девојки, како точно се вика инекцијата? Треба да одам од аптека да ја купувам, па да знам што да кажам.
@Fallen.Angel Не, немам инфо. Не сум ја купувала но ќе треба да ја земам и јас. Ако има некој инфо за цена нека пише!
Инекцијата се вика Рогам, или со х како и да ја пишуваат точно, само не знам зошто да ја купиш. Јас во Велес и во бременост и после пораѓај си ја примив во болница, ни да ја купам ни да ја платам .
@Fallen.Angel и јас во болница ја примив во понеделникот бесплатно...зошто да купуваш? И во Ск на клиника кога се породив примив бесплатно.
@Dikinzi , @monka_bonbonka @lovely12 матичниот ми кажа да ја купам и да отидам акушерката да ми ја стави, ќе ми даделе потврда за потоа да ми рефундираат средства од фзом. Исто ми кажаа и да си земам сметкопотврда од аптека. Инаку во Зегин прашав имале само уште една па мора да ми ја чуваат за понеделник, морало на иста дата да биде купена и примена. Коштала 2 илјади и нешто, не била баш ефтина. Во болницата во Гевгелија мислам дека ја немаат, а и да ја имаат требало врски за да ти ја дадат. И таму да одев ќе ме тераа да ја купувам. Ми кажуваа луѓе дека така правеле.
Јас во болница еден куп документи потпишав и ми отворија историја... прашај убаво да не не ти ги вратат парите. Порано за првата бременост ја купував и на тој начин целосно ги враќаа парите ама сега незнам.
@Dikinzi , @lovely12 да,да обавезно ќе земам и ќр ви кажам што како. Мразам процедури, но тие пари колку толку ќе ми бидат од корист, зошто пак да оставам така кога може да ми се врати дел. Татко ми кога купувал за мајка ми пред 20 години, инекцијата коштала околу 100 евра и ја немало во Македонија, едвај нашле, исто и за тетка ми. Прво мислев да ја земам и да не трчам наваму натаму, ама ќе си направам што и да треба.
Цената е 2800-3000 денари. Секоја боница треба да ја има. Прашај прво дали ја има во болницата па ќе ја купиш потоа ако ја нема. Секако ти треба рецепт не можеш така да ја купиш. И на крај фондот рефундира само 70-80%.
Само 70% рефундираат. А инаку зошто докторот точно со име не ти кажал која да ја земеш? Има неколку вида по аптекиве. Јас по препорака два пати примав Rophylac која патем е поскапа, мислам 3200 ја плаќав.
Не знам. Утрово докторот ми се јави да не ја купувам и да не одам кај него во ординација. Ќе ми јавел тој кога. Ќе имало нов протокол на работа по ординациите поради ситуацијата со вирусот и затоа ми кажа да почекам имало време до 31 недела. Инаку знам дека само 70% рефундираат. Но тоа е.. Морало да се прими.