Утре ќе одам ќе ја купам инекцијата и ќе ми ја стават во болницата во Гевгелија. Мојот матичен лекар е во изолација и ординацијата е заклучена, никој не знае до кога. Кога му се јавувавме да го прашаме што и како ни рече ако не ни се чека да си ја купиме инекцијата и да ми ја стави некоја медицинска сестра дома, па после тоа кога ќе почне тој на работа ќе издаде документ дека сум ја примила. Ама така не ќе можам средствата да си ги рефундирам. Се јавував денес во болницата во Гевгелија и ми велат ја немале инекцијата, да сум си ја купела и да сум нашла кој е замена на мојот матичен гинеколог и тој да ми издаде потврда дека сум ја примила. Се тоа морало утре во ист ден да се заврши и да се носат документите во ФЗОМ за да ми се рефундира 70% од сумата. Знаев дека и од болницата ќе ме тераат да си ја купувам инекцијата, а треба тие да ми ја дадат... Но тоа е... кога немам јаки врски ке трчам наваму натаму..
Мене не ми требаа никакви врски за да примам бесплатно, и со првата и со втората бременост, за другарка ми исто така. Ја не знам шо се овие глупости и зошто во секој град различна политика има..бог да чува, ќе те манкаат натаму наваму
и јас тоа се чудам... се јавив и на една медицинска сестра од интерно одделение, самата ми кажа дека инекциите на гинекологија си ги чувале за “свои” луѓе, јас ќе требало да си ја купам бидејќи демек ја немало. Во Зегин едвај ги убедив да ми ја чуваат, само една имале, ги замолив да ја чуваат за утре да ја купам..
Абре какви свои луѓе, како може Велес да ја има, по другиве градови не..тоа ме чуди, па и да треба да се купи , нека биде тоа во болница, а нс по аптеки да бараш. Патем да напоменам, со првото во бременост ја примив во Велес, после пораѓај во Чаир (ни таму не ми побараа ништо), а со вторава и двете во Велес.
Да на гинекологија прашував така ми кажаа, нема проблем ќе ти ја ставиме само донеси си ја со тебе. Потоа се јавував на мед сестра која работи на интерно да праша што како, и она ми вика подобро да си ја купам..
Знам, те читав затоа кога матичниот ми кажа да ја купам се чудев. Еве сеа и во болницата ми велат купи си ја и нема проблем.
Сабајле ја купив инекцијата, кошта 2868 денари. Најдов кој е замена за мојот матичен бидејќи матичниот е моментално во карантин. Ми ги издадоа потребните документи за рефундирање средства и ми ја ставија инекцијата. Ќе прикачам и слика од пакувањето. Во болницата беше хаос, не пуштаа без маски, на секој чекор има средства за дезинфекција. Дури и гинекологот преплашен беше примаше само итни случаеви. Имаше девојка со ризична бременост која прокрварела, не сакаше да ја прими, мене ми се развика да сум си правела што ќе правам на приватно да не сум го малтретирала да ми издава документи, зарем до рефундација ми било моментално тоа не било важно. Ама после се смири малку, чекавме надвор околу 1 час за докторот да се присобере и да не викне. Ептен жал ми падна за другата трудница која патувала од друг град поради состојбата, ама ја прими и неа после некое време.
Епа не е во ред неговото однесување. Сите пазевме да не го изнервираме. Од чекална не избрка во ходник, излезе во ходник се развика и не избрка надвор . На се што он ќе кажеше ние враќавме со: “да така е во право сте, како ќе кажете вие докторе”. Битно потоа се прибра и сите не прими. Една жена отиде да го моли да ја прегледа а он и вели: “бегај од мене и јас сум заразен имам корона”, и некој пациент довикна дека сега ќе го пријавиме штом таква е работата. Уште толку збесна и цел час чекавме да се смири и да му повели кејфот.
Истиов пораѓаше моја блиска роднина. Цело време лелекаше и се тресеше како ќе било што ќе било. Самиот тој потпишал и закажал царски рез поради повеќе причини, а вечерта кога ја фатиле болки жената порано пробал природно да ја пораѓа, потоа се свестил. И кај него врски да треба.. Хаос бе...
Море на ваквите само заби покажување. Ќе му се тресам?! Се ќе му кажам. За боцкање, ќе најдам да ме боцне некој, а овој и ќе го пријавам и се по ред ќе му кажам. Вол.
јас сум скоро 35 недела,и сега дознав дека сум негатив,немам примено инекција и немам правено никаков тест и сега паника ме фати,во секој слуцај во пон ке се консултирам со докторкава...
Она не те праша ? Прва бременост ти е? Ако ти е прва не се сеќирај, тоа е повеќе за наредните бремености.