Замисли 14 год во возачка ми пишува дека сум А+,и сега правам крвна група нели картонце од трансфузија ми даваат и гледам А-,шок ме удри ама ајде ваљда ке биде ок
Како бе така да ја згрешат ? Ненормална работа..и не ваљда него сигурно ќе биде се во ред Само пак консултирај се со докторката
Дали е морално да се прави тестот за да се прими инекцијата, дали можи да се купи матичната да ти ја стави за да се избегне одење по болници со оглед на ситуацијава
Леле катастрофа. И јас сум А- со големата примив по пораѓај дека е А+, а со второта сега не примив дека ја има мојста крвна А-
Dobar den edno prasanje ako moxe dokolku znaete vie sto zte ja primile inekcijata majka Rh А- ,tatko na dete rh А-...dali treba da se primi taa inekcija vo 28 nedela od bremenost?
По правило не треба ама ги шибаат сите мајки и не прашуваат која крвна група е таткото оти не секогаш тој мора да е татко
Не би требало, инекцијата се дава да се заштити мајката. Доколку бебето е позитив ако се измешаат крвните групи ќе почне да ствара антитела, да се брани. Ама чим е таткото негатив, од кај би бил позитивот.
Втора бременост ми е, моментално 8 недела, кога да правам Кумбс тест? Докторот ми кажа до 12 недела да го направам, но читав многу го прават после 22ра. Не знам дали да одложувам до тогаш? Не ми се мафта сега на трансфузиологија
Ако си имала некакво крварење во оваа бременост, пожелно е побрзо да направиш. Или пак минатата бременост ако не си примила рогам а бебето било +
Јас сум негатив.а ками и татко ми се позитив,така да не мора да значи од двајца позитив и бебето да е позитив
Првата бременост за жал ми заврши во 12 недела. Морав на киретажа и веднаш после тоа примив рогам. Имам читано дека антителата циркулираат после тоа 6 месеци , а од таа бременост е помината 1 година. Имав крварење сега во 5та недела, но се среди со прогестеронска терапија, минатата недела слушнавме и срце. Одам приватно на прегледи, сеуште не сум била кај матичниот а слушнав и дека некои матични не издавале сега упати заради актуелнава ситуација со вирусот Планирам следната недела да одам, па ќе видам што ќе каже мојот матичен.
Од двајца родители позитив детето може да биде и позитив и негстив, а од двајца родители негатив детето може да биде само негатив..
Devojki pred 3 dena imav spontan abortus vo 8 nedela, nulta negativ sum i primiv edna inekcija no neznam dali e taa, inace sum vo Germanija. Dali znae nekoj dali e ovaa taa inekcija?
Девојки , јас сум негативна крвна група и треба да примам инекција, матичната ми спомна Рогам, а докторот каде што одам во Плодност ми има во извештајот запишано рх д Профилакса... за иста ли станува збор