Дали кумбс можам да испитам крај на 28ма недела, а рогхам да примам 29+ Или мора точно 28ма? @kukla21 зашто секој месец правиш кумбс?
Јас еднаш направив кога испитував крвна група, и сега во 27ма матичната рече требало пак и во 28ма инекцијата,а сега сум 26+1
Офффф а зашто не тераат по 2 пати да праиме... Незнам како да направам. И јас имам испитано 19, 20та искочи негативен. Но на вториот скрининг ми рекоа пак требало. Е сега пошто ќе правам овој пат во ремедика, не планирам да се пикам на трансфузиологија или 8ми септември, имам закажано ехо во 28+6 и тогаш истиот ден со трансфузиолог треба да се видам и да ми земат крв. Прашањето ми е дали некоја има инфо да не е касно? 28+6 би ми земале крв, а 29+ би ја примила инекцијата...
Јас правев, од 12 до 27недела...направив 3вкупно. Отприлика на 4недели. Мене не ми е прва бременост и сум со патологија зад мене. Па како земаа крв за дидимери така и за кумс
Не е доцна, треба најрано 28недела за да бидеш покриена до раѓање... Рогамот штити 14недели. Затоа е во 28недела...да бидеш покриена до 42недела.после раѓање по потреба
Јас правев кумбс секој месец. Поради појава на крварење во 5+та недела и патолошка бременост. Заедно со д димери секој месец.
Патем, имам едно (можеби глупо) прашање. Ми спомнаа дека сите со негативна крвна група мораат да примат инекција во 7ми месец ако сакаат да останат бремени повторно. Значи не зборувам за онаа инекција што ја примаш за имунизација на бебето во случај ако сте различна крвна група, туку нешто сосема друго за кое првпат слушам и ми нема никаква логика. Навистина го има ова? Примила некоја овакво нешто? Колку и да ми звучи нелогично, не сум доктор, па викам можеби постои нешто со кое не сум запознаена.
Првпат слушам, за вакво нешто, за рх негативните мајки и за ампула рогам знам,но за ова не сум слушнала
Во 7ми месец превентивно се става истата инјекција што ја даваат после породување ако бебето е позитивна крвна група. На таа да не мислиш?
Не знаев каде да прашам,се надевам не смета тука прашањето.Дали рефундираат средства за immunorho инекцијата што ја примаат rh negativ
Копија од извештајот од трансфузиологија, потврда дека ти е аплицирана инекцијата, копија од трансакциска, не знам дали требаше и од лична карта и образец потполнет од фонд ти го даваат за рефундација на лекови.