Супер инфо е ова, не знаев.. А колку кошта? Јас утре треба да земам резултат од трансфузиологија, но јас сум РХ -, а мм РХ +, така што секако ќе треба да примам инекција
Oколу 3000-3500 кошта инјекцијата. Јас ја примав лани по абортусот, ама не отидов да ги рефундирам средствата, од немарност, а баш се информирав за се што ми е потребно. Сега не ми текнува, имав некаде запишано, ако најдам ќе споделам. Знам и фискалната требаше од инјекцијата. Инаку, во 28ма се прима, така?
Во 28 ма се прима освен ако има индикација порано да правиш кумбсов тест и порано да ја примиш. Темпирано е за да ти трае дејството до термин. После пораѓај ако бебето е рх + се прима уште еднаш
Јас знаев некаде 26, 28 ама не бев сигурна точно која, знам дека покрива 10-13 недели пред пораѓај, во случај да дојде до мешање на крвта при зреењето на плацентата, а после пораѓај се прима уште еднаш ако бебето е Рх позитивно. Е сега, др ми рече прво кумбс се прави, па ако е негативен тогаш се дава инјекцијата, ако е позитивен не се дава и само се прати состојбата.
Ак некој поискусен да ми каже. Втора бременост ми е, 27 недела сум, следната недела треба да проверам антитела. Матичниот ми рече оди провери и дојди да примиш Рогам. Она што не ми е јасно е-ако се антителата негативни, зошто мора да се прими? Инаку ја примив после првото породување.
Секако треба да ја примиш ако таткото е рх +. До пораѓај може да се смени ситуацијата, не ќе проверуваш по 100 пати. Е после пораѓај ако бебето е рх + примаш уште една
Во последните 3 месеци како зрее постелката може да дојде до мешање на крвта на мајката со крвта на бебето, и да се создадат антитела кои ќе го напаѓаат плодот. Затоа прво се прави кумбс тест, треба да нема такви 'несакани' антитела за да се прими инјекцијата. Ако има, тогаш само се следи состојбата на плодот и џабе е инјекција. Таа покрива период од 12-13 недели, затоа се дава во 28 недела, превентивно. Кога ќе се роди бебето ако е Рх позитивно, се дава уште една инјекција.Така ми објасна доктор
Јас ја примав во март мислам беше. Оригинал извештај од трансфузиологија, од аптека кога ја купуваш барај сметкопотврда и фискалната да ја захевтаат на неа, од матичен гинеколог ќе ти даде потврда дека е примена, земаш копија од трансакциска сметка и потоа одиш во ФЗОМ и пополнуваш барање и ги приложуваш сите документи и чекаш да ти стигне решение дека одобруваат рефундација и потоа на сметката добиваш 70% од сумата. Да ти напоменам само, на трансфузиологија кога ќе земаш резултат, обавезно потпис и факсимил од лекарот, мене не ми ставиле па ме враќаа назад од ФЗОМ ми рекоа да го барам докторот. Па не го најдов, не доаѓал заради короната и некако ја средивме.
Нели ова рогамов следува на секоја рх негативна трудница? Зошто да се купува? Мене 2 пати ми ги дадоа во болница.