Значи вака. Кумбс обавезно ќе си направите, а исто така и инекцијата треба да ја примите. Штом сте негативна крвна група, ќе ја примите во 28 недела, и по пораѓај.
Да така е ако си негативна крвна група. Но јас и неа ќе ја испитувам. Незнам која сум. И затоа така ми рекоа, дека ако сум позитивна нема да ја примам, а ако сум негативна ќе мора.
@KonstantinaM еве update од мене. Бев на трансфузиологија денес, надвор се чека има еден шо излегува ги зима упатите и те вика по ред. Внатре се само вработените, има луѓе ама брзо оди. Јас 5 минути чекав и ме викнаа, ме боцнаа и толку беше. За резултатите за ддимерите и хемостазата ми рекоа дела ќе ги пратат кај матичната. А за кумбсовиот тест ми рекоа во среда да одам после 14 часот да си ги подигнам резултатите. После со резултатите кај матичната, она ќе ми пише рецепта за да си ја купам инекцијата, ќе се вратам да ме боцнат таму и ќе ми издадат потврда. После со потврдата, сметката од аптека и резултатите се носат во фондот за да ти ги рефундираат парите
Да, во среда или четврток кога ќе ги земам резултатите ќе одам кај матичен гениколог и таму ќе ме боцкаат. Ти кога одиш?
Update и од мене. На тие што се од Прилеп може ќе му помогнам. Денес бев за да испитам крвна група и coombs test. Гужви на трансфузиологија воопшто немаше. Еден влегува, друг излегува, баш според термин. Супер поминав. Резултати ми рекоа после 14h. И еве пред околу 1h си ги зедов. Крвна група сум AБ+ , a кај coombs test пишува негативен. Така треба ли да биде? Значи нема да имам потреба да се боцкам
Блазе си ти. Мене у четврток најверојатно ќе ме боцкаат а имам слушнато дека болела таа инекција ај некоја што ја има примено нека ме утеши, многу ми е страв
Немаш гајле. Ќе поминии Денес додека ми земаа крв, и на друга девојка исто бремена и земаа и таа цела исплашена неможеа вена да и погодат. И и вели сестрата 'ајде девојче ова не е ништо, не се плаши треба да раѓаш ' Така и ти, ајде нема зошто страв, една минутка е тоа