Мене матичната ми закажа редовен термин и редовен упат. Мислам дека на трансфузиологија нема приоретни упати. Ама секако матичната треба термин да ти закаже.
Ме боцнаа, во колк. Не беше страшно ама малце печеше додека ја шприцаше течноста и уште 5 минути после тоа. И еве и сега на допир ме боли малце местото ама нишо страшно
Само денес така ке осеќаш болка после поминува .. абе ајде ова е ништо спрема што ке раѓаме и после то инфузии терапии што и да е Се ке помине и ке заборавиме
Пак јас ,и сега кога заврши се кои документи требаат за рефундирање?Одам со упат ме боцкаат земам резултат...одам кај матична ми дава рецепта,купувам инекција ме боцкаат,земам потврда дека сум примила,сметка сметкопотврда и крвна група од сопругот за рефундирање поднесувам?!
После колку време ви ги префрлија парите на сметка? Поднесено крај на декември, решение ми стигна средина на февруари некаде, ама од парите уште ништо.
Така, со упат одиш на трансфузиологија, ти зимаат крв. Резултатите стигаат за 2-3 дена кај матичната за ддимери и хемостаза а за Кумбсов тест си одиш си ги зимаш лично. После одиш кај матичната да ти даде рецепта. Ја купуваш инекцијата и се враќаш да те боцнат. Таму ќе ти дадат потврда сека си ја примила. После потврдата, сметката и сметкопотврдата, резултатот од тестот, копија од трансакциска сметка твоја, копија од лична карта твоја и пополнет образец за рефундирање на средства одиш во фондот и поднесуваш. http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=AFCEBD1C4148A34EA9769F757FF69E7F Еве линк, образецот под број 8.
Фала ,а сега другарка ми кажува дека со резултат се оди на Гак за да ми дадат извештај дека треба да примам?!Тебе тој извештај кој ти го даде?
Каков извештај е тој? Мене на самиот резултат доле во забелешка пишува дека треба да се прима инекција ако е таткото позитивен рх фактор. Ја си отидов директно кај матичната и си завршив работа. Не сум зимала таков извештај и прв пат слушам од тебе
Епа најверојатно е тоа...важно е негде да ти пушува што знам,ќе одам утре во 8ми Септември за тест па ќе видам како ќе се одвиваат работите понатаму...фала ти
Кај мене уште ништо нема... Никако неможам решението да си го најдам... Вака сега немам документ да одам да видам зошто нема исплата уште... Тоа е
Кумбсов тест се прави обавезно пред да се прима инекцијата рогам. Ако е негативен тестот се прима инекцијата. Теетов се прави на трансфузиологија преку крв.
искрено мене никој не ми рече такво нешто...само матичната ми даде упат за во болница со копирани од мојата крвна група и од сопругот и копија од лична карта и моја и негова ...и да одам да ме нивната рогам
Не знам која ти е матична ама ова е стандардна процедура. Секогаш прво се прави Кумбсов тест па се прима инекцијата. Препрашај си ја матичната за секој случај.
Не ми рече ни матичната а прашав и во болница ми рекоја нема потреба ...и да е позитивно и негативно пак ке се прима инекцијата ....а од кога ке се породам ке си прават тие од болница
Zdravo, sakam da ve prasam nesto.. soprugot e A+, a jas O- i sum 26.3 nedela od bremenosta. Bev za coombs test, rezultatot negativen. Mi dadoa izvestaj kako na slikata sto e podolu .sega me interesira: 1.vo koja nedela e najdobro da ja primam inekcijata ? 2. Dali za refundiranje na sredstvata ima vrska datumot od izvestajot da e ist so datumot koga e kupena i koga e primena?
Јас ја примив 27ма недела, отприлика тогаш ја примаат сите. Извештајот треба да ти биде со датум пред фискалната, не мора да ти биде во ист ден. Мене извештајот ми беше со датум 3 дена пред фискалната, а фискалната со датум 4-5 дена пред потврдата дека сум ја примала инјекцијата. Ми рефундираа за 2 недели од поднесување.