Дали имате повеќе испитувано околу овие инекции, дали можеби овие кај нас што ги има се без жива или тимеросал?! Почнав да читам и се изгубив, па некоја да не е пред мене со испитувања на темава да сподели фала..
Девојки, што ми треба за рефундација на оваа инекција за рх негатив група? Имам копија од здравствена книшка, копија од трансакциска сметка, сметка со сметкопотврда од аптека, формуларот од ФЗО и лекарска потврда од мојот матичен гинеколог дека сум рх негатив и дека сум ја примила инекцијата на тој и тој датум. Фала ви мноооооооооооогу однапред! И дали може да се поднесе позади рекорд?
Jas samo toa go odnesov sto go imash navedeno bez fotokopija od kniska...i mi go refundiraa bash pred nekoj den
Кај Црвен крст така? Еве денес беше сопругот, го вратиле специјалистицки извештај дека треба да ја примам од трансфузиолог барале. Изгледа се безобразни и само нешто ќе измислат да не вратат пари, стварно претеруваат значи..
Јас пред година и пол на ГАК ја примив и не платив ништо. Прашај ако имаат нека ти даде упат матичниот гинеколог, да не се мафташ со документи за рефундирање.
Бараат извештај од трансфузиолог каде што пишува дека има потреба да ја примиш инекцијата. Јас однесов и розева рецепта што ја земаа као за сваки случај, ама мислам дека не е задолжително тоа
Ама ваму нема упати за трансфузиологија и матичниот е тој што ми ја стави затоа што навистина оваа инекција не е избор како клексанот на пример и не зависи од ни едно мислење, на трансфузиолог или специјалист, туку се подразбира ради крвната група и матичниот мора да ја даде.. Затоа многу се нервирам како се' мора да биде што покомплицирано за да не вратат.. И после се жалат специјалистите имаме многу работа, сите матични за секоја глупост ни ги праќаат, епа ете пример..
Не знам мене прво ми дадоа упат за на трансфузија, после со тој извештај ја купив инекцијата, отидов кај матичен ми ја ставија и ми дадоа извештај. Не е избор инекцијата ама треба да си имаат доказ дека ти си имала потреба да ја примиш, и извештајот од матичен дека си ја примила. Потенцираа дека извештајот од трансфузиолог мора да го приложам за поврат на средства. Тоа стварно не е од сега и не е ново, требало убаво да те упатат од кај матичниот
Велиш треба да имаат доказ.. Матичниот има доказ крвна група и кумбсов тест и затоа човекот дава инекција (стандардна практика за негативни жени), а тоа што го омаловажуваат матичниот и за буквално се' треба да трчаме на специјалист, навистина не е во ред, зборам општо и за општите и за гинеколозите, а од друга страна се жалат пребукирани се специјалистите за битни случаи..
Ако има потврда за крвна група тогаш нема потреба од трансфузиолог. Мене не ми ја признаваа крвната група од возачката затоа ме пратија на трансфузиолог, после со таа потврда ме препратија да ја примам инекцијата.
Не не, тоа не се мои зборови. Матичниот кажа требало да имаат доказ во фонд од трансфузиолог. Другото не би да го коментирам, тоа е..
епа јас да не матам вода, нели не ми даваат упат за трансфузиологија, заедно со крвната слика направив кумбс во систина, така што не можам тој да го дадам секако.. нема врска, фала ви девојки на муабетиве.. како и за многу други фрлени пари во воздух, ќе се простиме и од овие..
Zenski gledam na veliko prajte muaebt za inkecijata , bidejki mi eprva bremenost i e mn rano ... nemame ushte prvo eho ... a znam deka sum RH negativ ... moze da me upatite koga se stava taa inekcija ??? Sto e najlesno , da odam so upat na GAK samo ???
Со време да си фатиш термин за на трансфузија за крвна група и комбс тест. Јас малку касно го дознав тоа па трчав по врски на крај. Нека ти даде матичниот упат, напрај си го тестот. Мислам дека се става со полни 28 недели. Исто така, гледам дека не прифаќаат крвна група од возачка, да си бараш картонче обавезно да ти дадат Мене ми го бараа картончето кога се породив. Не дека нема да ти направат ако немаш направено, ама подобро ти да си средиш. И потсети го матичниот дека си рх негатив, мојот заборавил, па задоцнив со инекцијата, малку покасно ја примив. Среќа се беше во ред до крај
не сум пробала, но како што не прифаќаат од приватниве специјалисти за клексаните, претпоставував дека и ова нема да го прифатат, но може да се проба... А Марие, можеш така сигурно на ГАК, мене ми ставија така после абортус таму, а сега сама си јакупив и му ја однесов на матичниот, после 28ма недела и тој ми ја стави..