Тест за антитела во крвта. Мислам дека во првата бременост ми испитуваа во исто време со крвната група. Треба да е негативен колку што памтам. @Калатеа не знам за приватно, јас знам на трансфузиологија испитував, бесплатно е за трудници.
Дали мајката произведува антитела против крвта на бебето, ако добро памтам. Ќе прочитам сега подетално.
@fana Се прави доколку трудницата има негативна крвна група. Ви благодарам, навистина ми е хорор одењето на Трансфузиологија, преголем хаос, никакви термини, ризик од секакви зарази...
Мислам дека мене ми даде да испитам матичниот зошто прв пат проверував која крвна група и рх фактор сум. Најверојатно се јавуваат антитела ако мајката е рх негативна, а плодот позитивен. Не ми е многу јасно ни мене искрено, знам дека се прима во 28 недела и после пораѓај инекција во таков случај.
Ако крвта на рх негативна мајка дојде во контакт со крвта на рх позитивно бебе ( најчесто не се случува во првата бременост ) доаѓа до стварање на антитела од страна на рх негативната мајка. Го напаѓа рх факторот на бебето поточно. Комбс тест се прави за да се утврди дали веќе има створено антитела и колкава е нивната количина. Рогам инекција се прима доколку е негативен комбс тестот, ако е позитивен се следи ситуација до крај на бременост. Многу ретко во текот на првата бременост доаѓа до мешање на крвта меѓу мајка и бебе ама може да се случи, затоа се прима инекцијата докај 28ма недела, затоа што нејзиното дејство е до 40та. Се прима и после пораѓај ( јас ја примив 12 саати после пораѓај ) ако бебето е рх позитивно Се надевам дека колку толку разјаснив
Јас со двете правев кумбсов тест и не примив инекција во текот на бременоста.И двете деца и маж ми се позитив јас негатив.Примив само после пораѓај.
Така одлучи гинекологот што ме породуваше,кај истиот одев за двете.Ама тука како што читам и искуства од околина пракса им е да се прими во 28 недела било кумбус тестот да излезе позитивен или негативен. Стварно не ја разбирам логиката.
Бидејќи во последните месеци може да дојде до мешање на крвта на мајката и бебето, се прима превентивно.
Nadvor se ceka, nema vnatre guzvi, so termini se ispituvanjata i ima termini redovno pustaat. Brzo odi vo sekoj slucaj, jas bev za drugo sega brzo i taka bese. Gledaj da fatis od prvite termini od 8:30 sabajle pocnuvaat i nema da e mnogu guzva.
После првиот пораѓај примив,за втората бременост пак го правев тестот во 26 недела ми рече гинекологот нема потреба,само после пораѓај ако е и ова позитвно.И така бидна.
Кога се прави Кумбсов тест? Колку чини инекцијата? Со првото примав во 28 недела и по пораѓај, ама сум заборавила веќе.