Здраво,бремена сум 4+1 бев вчера на ехо видовме сакус и на контрола после 2 недели Сакав да прашам јас сум Рх- а сопругот + имав спонтан абортус и на извештајот од трансфузиологија пишуваше доколку таткото е Рх+ се препорачува Рх профилакса. Кога најскоро можам да ја примам рогам инекцијата? Страв ми е Фала однапред поздрав.. *бев целата избезумена и заборавив да ја прашам докторката*
Девојки се слушнав со докторката ми кажа во 11-12 недела дека ќе ја примам поради тоа што не ја примив после спонтаниот. Рече нема простор за паника бидејќи сега премала е циркулацијата,ми олесна малку
Јас имав 2 спонтани, ама рано во 5 и 6 недела, сеуште немаше срцева реакција. Сама се исчистив без киретажа. Двајца доктори ми рекоа дека чим нема срцева реакција немора да се прими инекцијата бидејки сеуште нема крвотокот бебето. Сега сум пак бремена 17 недела и ќе си ја примам во 28 недела. Во која недела ти беше тебе спонтаниот?
Здраво, 28+3 недела сум и правев тест за антитела и покажа негативен, е сега докторката ми рече дека нема потреба да ја примнам, дали има потреба за паника ако не ја примнам инекцијата?
Не знам зошто ти рекла така, тој скоро секогаш испаѓа негативен. И мене во првата бременост ми испадна негативен па си ја примив. Да не е и маж ти негативна крвна група?
Позитивна крвна група е, затоа многу ме фаќа паника, се јавив плодност ми рече ако сакаш можиш и овде да ја примниш по правило требало и незнам што да правам
Јас би се консултирала со уште еден доктор, стварно не знам зошто ти вика да не ја примаш. Ма да порано ја примале само на пораѓај ако бебето е позитивно, во бременост не. Јас сум уште 17 недела, ама докторката ми рече дека секако ќе си ја примам во 28 недела.
Па така треба да покаже, негативен и да ја примиш. Прва бременост ти е? Како шо спомна членката погоре порано после прво породување ја давале ако е бебето позитив. Ама ако ти е втора+ треба да ја примиш и сега колку што сум јас запозната
Прва бременост ми е и ми рече во ред ќе видиме после породување па сакам и со вас да се консултирам, дали што сте негатив обавезно ја примате таа инекција или не
Јас ја примив, малку покасно од 28ма недела како шо ја примаат вообичаено ама ја примив. Исто прва бременост.
Значи од понеделник ќе бидам 29+1 недела и тогаш да ја примнам нема да има ништо проблем, тогаш ќе одам за боледување да го продолжам и пак ќе ја прњпрашам ако не директно ќе појдам во гинекологија со резултатот да прашам дали ја имаат таа инекција ако можи, ако не на приватно ќе ја примнам
Јас заради мало недоразбирање ја примив во 32ра недела. Ама морав сама да си ја купам, ја немаа на ГАК, да ме боцкаат кај матичниот, па со извештаите да добијам рефундација на 70% од сумата на инекцијата од фонд. На приватно да ја примиш инекцијата е повеќе од 7000 денари ( за во систина зборам, за пред околу половина година, можеби сега има промена во цените )