Прашав во плодност 4000 е, ама незнаеше да ми кажи дали ќе можи да ми се врати дел од парите, какви извештај треба само резултатот за антитела и која крва група сум или и од сопругот треба?
Ако е примена инекцијата на приватна клиника мислам дека не враќаат пари. Резултатот за антитела за да ја примиш. За рефундација - резултат од трансфузиологија на државна клиника, примена инекција, потврда од докторот кој што те боцкал. Мислам дека тие 3 извештаи беа. Ако имам испуштено нешто нека дополни некоја членка. Извини, сега ме потсети сопругот - цената што ти ја пишав за во систина е за кумбсов тест, не за инекцијата Моја грешка.
Izvinete, Aj ushte ednash za dokumentive za refundacija za i inekcijava ... 1.Rezultat od transfuziologija ??? Toa e krvnata krupa ??? (Deka prashav na transfuziologija kaj jani, mi rekoa nema dr izveshtaj za toa ) 2.Primena inekcija ?? Mislish na sto ?? Na smetkopotvrda od apteka kaj sto si ja kupila ??? Aj ako ne nekoja chlenka sto podnela i i refundirale sredstva da potvrdi dokumentacija tochno sto treba
"ЈЗУ Институт за трансфузна медицина" така ми пишува на листот за крвна група (само влегов таму и кажав што ми треба). Фискална и сметкопотврда од аптека, трансакциска сметка и потврда од докторот што ти ја ставил инекцијата. Се тоа копирано (јас ги носев и оригиналите и ми побараа нешто ама не памтам што) носи си ги и ти.
Мене резултат од трансфузиологија ми беше негативниот комбс тест. Тој извештај го однесов. Потврда од доктор дека е примена инекцијата. Буквално така пишува на листот, ПОТВРДА дека на тој и тој датум е примена инекцијата во таа и таа установа. Плус фискална сметка и сметкопотврда од аптека. И копија од твојата трансакциска сметка. Едит: го носев и првиот извештај од докторката на кој што пишуваше "ако е негативен комбс тестот потребно е да се прими инекцијата"
Здраво, извинете малце главава ми е хаос Јас сум А+ а Мм е 0- Што значи ова со рх фактор бебе, антитела некомпатибилност итн? дали треба да направам некое испитување сега и дали воопшто може да се види сега било што? Извинете ако е глупо прашање ама баш не сфатив ништо
Јас сеуште не знам која крвна група сум, мислам дека 29та недела ќе испитувам е сега ако сум 0- и треба да примам инекција кога ќе ја примам? А тука читам 28ма недела се примало инекција. Мислев наредната недела ќе испитувам ама не ми закажаа за тогаш.
Доколку ти испаднеш RH-, а маж ти е RH+ ќе се консултираш со гинекологот кој што те следи. Кај нас е тој случај, јас сум 0-, а маж ми е А+, и ми кажаа дека треба да правам кумбсов тест и веројатно да примам инекција во 27-28 недела. А доколку си RH+, без разлика на тоа дали маж ти е RH- или RH+ мислам дека не се прима инекција, нека ме корегира некој ако сум грешка
Да ама јас ќе испитувам можеби во 29та недела, не знам кога. Требаше за наредната недела, ама не ми закажаа ми рекоа понатака ќе испитувам затоа не ми е јасно, ако испадне да треба да примам инекција кога ќе ја примам, а поминала 28ма недела.
Не знам зошто така ти кажале, ако ти е шубе препрашај уште еднаш за неделите да ти објаснат, ама веројатно знаат што прават докторите. Може не е проблем и покасно ако се прима. Знам и случаеви каде што во прва бременост и воопшто не примале инекција, туку само после пораѓај ако бебето е RH+ кај RH- мајка. Ама да не шпекулирам, најдобро консултација со докторите
Ќе ја примиш покасно. Обично се става 28ма недела затоа шо има дејство до 40та. Да бидеш фактички покриена до пораѓај. Јас ја примив во 34та недела и 18 саати после пораѓај пак
Јас испитав некаде пред месец дена, знаев дека сум негатив али правев и кумбсов тест плус и сега во 28ма недела ќе ја примам инекцијата. Исто ми закажа матичната на одделение за примање на рогамот.
Zdravo Koi dokumenti se potrebni za refundacija na inekcijata? Vlagam vo 28 nedela, denovive kje treba da ja primam. Imam rezultat od kumbsov test i na nego pisuva deka se preporacuva da se primi inekcijata bidejki jas sum A- a soprugot e 0+. Isto taka me interesira kade ja kupivte inekcijata, kolku cini, i kade se bocnavte?
Zdravo me interesira jas sum bremena so mojot soprug sme ista krvna grupa 0+ bidejki sum vo rana bremenost sovet ve molam
Dali bi imalo problem bidejki sme ista krvna grupa bidejki sme 0+i jas i jas i soprugot a sum vo rana bremenost
Можеби некаде е пишан одговор ама да не враќам низ темите, може ли некој друг да поднесе документи наместо мене во ФЗО?