Во Ремедика, не сум сигурна колку беше, од 4 до 6.000 мислам, можеби сега е променето. Како што ме држи сеќавање, ако се пораѓаш државно, само на клиника испитувањето се прифаќа, ама препрашај пак.
Здраво , кога се прави овој Кумбсов тест, во која недела? Јас сум негатив, а сопругот позитив, гинекологот ми кажа само во 20 и некоја недела се прима инекција, меѓутоа тука гледам за овој тест, а никој не ми го спомнал дека треба да го направам. Ова ми е прва бременост, не знам дали треба да го правам.
Најкасно до 27ма се прави матичен ти дава упат за кумбсов за на трансфузиологија за во лабараторија директно. За неколку дена ќе имаш резултати. Резултатот од трансфузиологија ти е потребен за да можеш да рефундираш пари од ФЗОМ. Во меѓувреме во 28гн ја примаш имуноро инекцијата, и заедно со Резултатот од трансфузиологија, потврдата од гинеколог дека си ја примила инекцијата, фискалната и сметкопотврдата од аптека, одиш во фонд да поднесеш за рефундација
Женски вие што имате поднесување за рефундација за инекцијата Immunorho,за крвна група што ја примаме што документи треба да носамза да поднесам?
Копија од лична карта не треба, копија од фискалната со сметко потврдата и копија од трансакција треба .
На резултатот од кумбсовиот ја пишува к.група и доле пишува, доколку биолошкиот татко е рх+, се препорачува да се прими профилакса, тоа е се што треба
Zdravo dali e ova coombs test za koj zboruvate bidejki mene mi bese ispitano koga ja ispituvav krvnata grupa vo 20 nedela dali treba povtorno test da pravam?
Ако ти е испитано во 20 недела нема потреба пак, тоа еднаш се испитува и доколку има потреба се прима инекцијата