RH-Фактор и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од bibikim, 14 декември 2009.

  1. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    Eve vaka,pred okolu 5 godini imav spontan vo rana bremenost.Mi praveja kiretaza na GAK...mi ja ispitaa krvnata grupa oti bev mn.iskrvarila pa moraa da mi davaat krv.Me prasaa koja krvna grupa e mazot,Toj bese AB + a jas A- Preventivno mi stavija Partobulin injekcija.Mislam deka nema za sto da se grizis,se si e ok.Koga zdravje boze pak ke ostanes trudna ke treba pak da primis injekcija vo 28 ned. Se nadevam deka barem malku ti razjasniv :)
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    10.866
    Да, детето може да е позитив! Мајка ми, татко ми, баби, дедовци, сите во неколку генерации кај мене се позитив, а јас сум негатив. Возможно е и обратното. Сите во себе (ќе објаснам едноставно) носиме "позитивни" и "негативни гени", односно доминантни и рецесивни. Кој ќе се наследи, односно ќе надвладее нема правило, тоа што е доминантен ген не значи дека по дефиниција мора да се наследи. Може ти и мт да имате кафени очи, свекрва ти да има зелени, детето да има плави. Или пак да има идентични очи како некој што има специфични. На пример, татко ми имаше изразито црна коса, мајка ми е многу светла, скоро плава, брат ми е со црна коса како татко ми, а јас со црвена. Да дете сум и на двајцата, хахахахаха! :rofl: Да не бидам многу офф топик, сакав само да ти објаснам дека се е можно во наследувањето, и прави си ги контролите редовно како што те советува гинекологот.
     
  3. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    744
    Елена се е во ред тоа што си го напишала, но јас колку што сум учела а и колку што сум читала по книги и на интернет, од двајца родители со РХ негатив детето неможе да излезе позитив, а еве и зошто...
    Кај луѓе со РХ позитив фактор во крвта има и + и - хромозоми
    Кај луѓе со РХ негатив фактор во крвта има само - хромозоми.
    Во тој случај од исклучиво само негативни хромозоми,неможе да се роди дете со позитив фактор. Тоа го вика медицината.
    Во обратниот случај како што викаш ти,тоа е возможно,да. И моите се двајцата О позитив па јас сум О негатив.Но тие во себе имале еден + и еден - хромозом, и јас сум го наследила негативниот.
    А кај нас бидејќи имаме и двајцата само негативни хромозоми, просто е невозможно да се деси дете со позитив. Тоа што ми го кажа акушерката навистина ме збуни. Во секој случај јас ќе си однесам картонче со крвна група, па нека испитуваат на пороѓај.
    Поздрав и фала за одговорите и на тебе и на Каталина.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.943
    Допаѓања:
    104.740
    Пол:
    Женски

    Елена, не може дете од двајца родители кои се RH-, да биде RH+. Ова е биологија, не математика. Ова RH е резус фактор, од него не зависи крвната група на детето. Тој фактор можеш да го имаш или да го немаш, трето нема. За него нема доминантни ли рецесивни гени како што има за бојата на очите или за крвните групи. Така што, може да се роди RH- дете од RH+ родители, но обратно не може.
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    10.866
    Добро, избришете го мислењето, не ме карајте. Само што ја отворив книгата популациска генетика од која учев 2 семестра, и таму пишува ова што јас го напишав за рх факторот. Извинете што сум била погрешно информирана, повеќе нема да се трудам да давам мислења од овој тип. Доволно е поддршка.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.943
    Допаѓања:
    104.740
    Пол:
    Женски
    Елена, никој не те кара, само дискутираме :) Баш ме поттикнавте да се расчитам и јас, па си ги обновив малку знаењата околу оваа проблематика. Моја грешка е што мислев дека не е ист принципот на наследување кај резус факторот со наследувањето на крвните групи.
    Значи, за наследување на било која особина - постојат гени. Секој ген има два алели.
    Резус факторот е антиген кој што или го има или го нема на површината на еритроцитите, а тоа зависи од комбинацијата на алелите. Бидејќи наследувањето на резус факторот оди по принципот на доминантно рецесивно наследување, односно доминантен е + алелот, комбинациите се овие:
    ++ = RH+
    +- = RH+
    -- = RH-

    Можни комбинации
    RH++ со RH++ = RH+ во секој случај

    RH++ со RH-- = во сите случаи се раѓа дете со комбинација RH+- што ќе значи дека ќе биде RH+

    RH+- со RH+- = 25% RH++, 50 RH+-, 25% RH- што значи дека во најголем број случаи детето ќе биде RH+, а има и шанси да биде RH- (25%)

    RH-- со RH-- = RH-- во секој случај

    Што значи, ако и двајцата родители се RH-, детето не може да биде RH+, исто како што дете од родители со 0 крвна група не може да има друга крвна група.
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    10.866
    Во мојата книга, верувала или не, има комплетно поинакви примери... Ама скроз. Значи, кај родители со 0- пишува дека има начини како да се наследи и друга крвна група или Резус фактор. Се исфрустрирав, и побарав по забелешките и задачите кои сме ги решавале, и истото го имам! Значи, ние сме искочиле некоја генерација кретени, или??? Се чувствува засрамено од кретенизмот на некој друг... Задачите се без врска, немаат никаква логика, ама како такви сум ги запамтила, и тоа е тоа. Сум напишала фуснота на една задача дека не ми е логично, и сум ја решила по некоја друга формула, под тоа сум напишала професорот рече дека е грешка. Ајде сега оди свати... Извинете за офф опик! :(
     
  8. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    744
    Елена,не те караме,не се љути ;) . Ете гледаш различно пишува на различни места. Па ај сега фати му го крајот... Јас знам дека неможе да излезе детето позитив...но.....
    Фала ти на мислењето, и ќе си пишуваш,како нема да пишуваш веќе...Секое мислење е важно.

    Анатх, фала за деталното објаснување, човек да се чуди колку е сложена и идеална нашата генетика.Кој ли го смислил све тоа...
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    10.866
    Ќути не ме дирај, колку се рокнав од нервирање! и тоа 10-ка имам по тој предмет, а незнам очигледно ништо!!!!! :rofl:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.943
    Допаѓања:
    104.740
    Пол:
    Женски
    Елена, душо, ич да не се секираш. Ако си учела од учебник пишуван или преведен од македонски професори, автори, сеедно - јасно ми е. Или преводот е погрешен, или погрешно препишале. Трето нема. Реалноста во Македонија во последниве десет години е таква, за жал. Јас не се сомневам во твоите знаења, се сомневам во знаењата на оние кои се должни да ти ги пренесат истите. Некогаш и јас навистина не знам што е точно. Ама факт е дека она што може мајка природа да го направи, никој не може :)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.496
    Маж ми е А+ и јас исто така сум А+. :) Е сеа незнам дали иста крвна група кај двајцата партнери представува проблем.
    Мене тато со сигурност ми кажа дека сум била А+ исто како него, но сепак утре мора да одам да извадам крвна група на тансфузиологија. Од прст боцкаат или од вена за тоа чудо?
     
  12. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    191

    За тоа доволно е да те боцнат од прст барем по крводарителските акции така боцкаат, но бидејќи одиш на трансфузиологија од вена ќе те боцнат :)
     
  13. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    Jas i soprugot sme RH pozitiv i edna godina sme vo brakk i seuste nemame srekja doktorot ni kaza deka nemalo vrska sto sme ista krvna grupa i kaj nego i kaj mene se e vo red po ispituvanjata a zasto ne ni uspeva nezznam i sega mi prepisa dr. da pijam Klomifen pa ke vidime sto ke bide :)

    [mod-kirilica:1pj0a7v8][/mod-kirilica:1pj0a7v8]
     
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    1.517
    јас сум А2 - а мм ми е 0+ кога треба да примам инекција... ?????????
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.063
    Најкасно 48 часа после пораѓај
     
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    10.906
    Пол:
    Женски
    Кумсов тест треба да правиш и да ги следиш антителата во текот на бременоста, а за инекциите треба да се консултираш со гинекологот бидејќи покрај таа после породувањето имам прочитано дека се прима и во бременоста.
    И јас сум АБ - а мојот дечко О + денеска баш ќе го прашам мојот гинеколог за ова.

    Имам лекција јас научено од моја другарка која имаше абортус, а е случај како мојов со крвната група.
    Не и ставиле инекција, но среќа не создала антитела.

    Всушност јас за ова бев известена уште од мајка ми бидејќи и таа е РХ-негатив, а татко ми РХ-позитив.
    Јас и сестра ми сме се родиле АБ - па немала потреба од инекција.
     
  17. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    jagoda. i Jas sum ab a mm 0pozitiv ajde ako go prasas doktorot pisi mi da znam sto ti rece ;)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    1.517
    ако го прашаш докторот пиши ... инаку мојата следна контрола е во август... има времне здравје до тогаш
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    10.866
    Еве кај мене од искуство. Два пати ќе правите Комбсов тест, еднаш околу 16 недела и 28 недела. Во случај не дај Боже да има мешање на крвта на бебето со мајчината крв па да се создаваат антитела, се прима инјекција мислам дека Рогам се викаше, ве молам не ме фаќајте за збор. Исто така и во првите 48 часа по пороѓај се прима таа инјекција, јас ја примив по спонтаниот, за не дај Боже, бидејќи без разлика како завршила бременоста дали со пораѓај или спонтан, се прима. Нема врска која крвна група сте, само важен е рХ факторот. Ако сте двајцата позитивен или негативен, немате гајле. Ако е мајката позитивен а таткото негативен, исто немате гајле. Ако мајката е негативен а таткото позитивен, може да има некакви компликации, но денес ни тоа не е проблем, ете има и тестови и лекови и се што е потребно. Без секирации! :*
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    106
    јас сум А-, маж ми Б+. Кумсов тест правев во 28 недела на трансфузиологија- закажете си оти никој нема милост кон трудниците, барем моето искуство беше такво. Најбитно е резултатот да искочи- негативен, значи да немате антитела во крвта, и доколку искочи таков резултатот, ќе треба да си купите инекција каква ќе ви препише матичниот, од аптека обавезно да побарате сметкопотврда и фискална сметка. Ќе си ја примите инекцијата и со потврда од матичниот и резултатите од трансфузиологија- ќе си поднесете документи во ФЗОМ и ќе ви ги рефундираат парите.
    После пороѓај, доколку бебето биде со РХ.+ мајката во рок од 72 часа ќе мора да прими уште една инекција!
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.