Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

RH-Фактор и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од bibikim, 14 декември 2009.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговорите, баш денес бев и пак заборавив да прашам хихи
     
  2. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    427
    Пол:
    Женски
    Дали некоја со rh + развила антитела?
    Јас сум 0+, Сопругот е Б+
    И од трансфузиологија ме бараат за плус некое дополнително тестирање демек ми пронашле некакви антитела..
    Не разбирам како кога и двајцата сме позитив :^)
     
  3. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.987
    Пол:
    Женски
    Може ли некој што е поупатен и што знае да ги протолкува резултатите да ми пише да ги пратам во ЛП?
    Малку испаничив кога ги добив, а матичната сеуште не ми враќа.
     
  4. Nature&lover

    Nature&lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас сум Рх Негатив ,сопругот Рх Позитив. Со првата бременост примав инекција во 28та недела и после пораѓај не примав , зошто ќерка ми излезе исто негатив..
    Сега прочитав некои коментари дека морало да се прима без разлика која крвна група е детето . Сега сум повторно бремена 18недела . Искуства?
     
  5. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Јас денеска влегов 28 недела и утрее ќе ја примам инјекцијата
     
  6. Nature&lover

    Nature&lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    А што ви кажаа за инекцијата после после пораѓај? Дека секако ќе ја примите или само доколку бебчето е Рх позитивно?
     
  7. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Инекцијата после породување се прима само доколку бебето е рх позитивно.
    Потоа, во следна бременост вон28 недела повторно зе прима, превентивно, зошто второто ембрионче/бебе не знаеме која к група е, нели. Така да, ок си за сеа, во 28ма пак ќе примиш.
     
    На Marsi* и Nature&lover им се допаѓа ова.
  8. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.987
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа паника, втора бременост ми е, и на резултатите покажа дека има антитела, примив инекција и сега правев контролни испитувања. Што ако пак излезе позитивно? Има ли некаков ризик?
     
  9. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, денес испитав бета и излезе 105 но крварам веќе 12 дена за кое мислев дека е менструација. Бев на Гак на преглед и ми рекоа дека е можно да сум имала спонтан но ќе се види за два дена откако ќе испитам повторно бета. Исто така спомнаа дека можно е и да е вонматрична бременост. На прегледот никој не ме праша за крвна група, а јас сега се сетив дека сум рх негативна. Дали е потребно во секој случај да се прима инекцијата?
     
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Доколку е спонтан да, претпоставувам и за вонматерично важи истото.
     
  11. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    А доколку самиот организам се исчистил како би ја примала? Кај мене моментално не се знае за каква бременост се работи затоа ме оставија за два дена пак да испитам бета
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.496
    Пол:
    Женски
    Гледам пиша во неколку теми. Не ти дадоа душо нешто за крварењето? Некои апчиња или можеби инекција? Си бремена, позитивна бета е. На таа вредност нормално е ништо да не се види.
     
  13. emilijaem47

    emilijaem47 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не ми дадоа ништо за крварењето бидејќи е слабо, ако се засили треба да се вратам на клиника. Докторката само ми рече ќе видиме во среда од бетата дали ќе се намали или зголеми
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.496
    Пол:
    Женски
    Дека викаш пообилно си почнала да крвариш, дека има доста вака на почеток крварат од хематом пример, па им даваат одма прогестеронска поддршка, ме чуди дека ништо не ти дале. Се надевам дека ќе имаш позитивен исход.:l::bug:
     
  15. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    И ако се исчистил сам, и тоа е абортус, ќе ја примиш сепак.
     
  16. Тања8

    Тања8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo . Denes ja primiv injekcijata i sakam da prasam dali ima rok do koga treba da se podnesat dokumenti vo fondot za refunadcija?
     
  17. Ana S

    Ana S Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Devojki edno prasanje, jas sum 19ta nedela,rh negative, soprugot pozitive, maticniot mi rece vo 27ma nedela da go napravam Coombs testot, dali mozebi trebase I porano da go napravam...
     
  18. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Не во 28 недела се прави тестот и се прима инекција,јас за две недели треба да одам да правам.
     
    На Ana S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    6.964
    Не, таман е, направи го во 27ма, па до 29та да примиш инекција.
     
    На Ana S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srna-3

    Srna-3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    211
    Девојки, денес влегувам во 18та недела, бремена сум со близнаци(немам други живородени деца) и денес треба да испитам антитела и тоа на своја иницијатива бидејки сум РХ негатив. Претходно имав два абортуса во кои ниту еднаш не се појави срцева акција, па чистењето одеше медикаментозно. Никој ама баш никој, ни матичен ни специјалист не ми напомена дека треба да примам инекција после чистење и сега сум преплашена за бебињата да не им стане нешто..
    Молам некоја поискусна да ми објасни што може да се случи во мојов случај и дали има шанса за превенција на некоја лоша појава како резултат на ненавремено зимање на инекцијата?
    Прочитав дека може да се нападнат црвените крвни зрнца и бебињата да станат анемични дури да биде и со фатален исход, но не сватив дали може да се превенира во ситуација како мојата?