Мораш да примиш ако таткото е рх позитив. Без разлика на тестов. Кога ќе се роди детето, ако и тоа е позитив пак ќе примиш, ако е негатив, нема.
Chat gpt? Озбилно? Да, треба да ја примиш независно од антителата, особено ако планираш пак да раѓаш бидејќи во втората бременост сега создадени антитела ќе влијаат на плодот ако не примиш инекција.
За чат џипити не знам шо да кажам ама за Рогам знам дека се прима во секоја бременост доколку е таткото Рх+ , и после пораѓај зависно од крвната група на детето. Ќерка ми е +, јас примав Рогам на ГАК после 40тина саати, рокот за таа инекција е најкасно 72 саати после пораѓај Рогамот се прима од 28ма до 34та ако добро памтам
Здраво Ве молам за мислење на резултатот, што значи? 17 недела сум, со генетски мутации, примам клексани, метилирана фолна и метилиран б12 Д димерите и хемостазата се во ред, освен времињата кои се минимално скратени. Да напоменам и јас и сопругот сме рх +
Дали зеде официјален печатен резултат? Јас се имав испаничено со тоа 'да' електронски, а им значело дека крв е земена а не е резултат.. резултатот треба да е позитивно/негативно. Очекувам да не бил готов резултатот сеуште кога излегле првите резултати. Поздрав
здраво девојки, 15та недела бременост сум. Ме интересира дали треба да се примаат било какви инекции доколку мажот е 0RH+, a и јас сум исто така. Немам правено официјална потврда за крвна група ама кога имам донирано крв во црвен крв 0+ од таму знам дека сум . Ве молам да ми посочите доколку треба да се прават некакви тестови, анализи. Благодарам
@blodixx се испитува и прима инекција само доколку мајката е рх негативна (-) Јас сум рх негатив сопругот позитив.Во бременостите правев тест не примив инекции. Во двете бремености примив само после пораѓај.Дечињата двете ми се со позитивна крвна група.
Мене ми е втора недела, првата бременост примив еднаш во 28 еднаш по пораѓај, сега исто ми рече матичниот. Кумбсот беше негативен
Исто е и кај мене, еве втора бременост и пак мора да примам превентивно иако кумбс е негативен. За рефундација како направи? Во фонд поднесе?
Да, ама потврда и кодот од инфекцијата треба да е залепен на потврдата. Земи си ја кутијата и чувај ја додека пуштат средства.
Да. Во фонд поднесов. Инекцијата кошташе 3370 ден во аптека. Ми спомнаа дека фондот рефундира 70% од сума, но не беше така. Ми вратија 2159 ден. Во решението што стигна по пошта пишува дека се рефундира според референтна цена. И кога проверив во регистар на лекови стварно е толку. Ама за сите лекови таа референтна цена е мноооогу пониска од малопродажната цена што ја плаќаме во аптеки.
Што точно треба да се поднесе во фонд? Само фискалната и потврдата од матичен дека е примена? Или треба и нешто друго? И дали има некој рок? Матичниот ми е на одмор, наредна недела треба да ја земам потврдата, а инекцијата ја примив вчера
Мене медицинската сестра ми спреми се од документи. Кумбс тест, извештај од трансфузиолог на кој пишува дека треба да се прими ( ако немаш тоа на гинекологија правиш преглед и таму доктор пишува извештај), фискална и сметкопотврда од аптека. И датумот на купување и примање на инекцијата треба да е ист. Кај матичната пишуваат како рецепт за да се купи, и тоа се захефтува, и не ми текнува дали имаше уште нешто. Мислам дека кај матичен гинеколог знае сестрата. Во фондот ќе пополниш и барање. Еве ти линк, мислам тука пишува повеќе. https://fzo.org.mk/sites/default/files/fzo/osigurenici/obrasci/mk/nemedicinski-obrasci-08-0-r2.pdf
Здраво женски. На редовен термин кај Јани, покрај хемостаза и ддимери, му побарав да испитаме и крвна група и Кумбс тест, RH негативна сум. На мое здравје го видов извештајот од хемостазата уште истиот ден, а останатите резултати ми рекоа за една недела. Прашањето ми е, кога Јани ќе ми пише дополнителен извештај дека треба да примам инекција? На резултатите ли ќе пишува и после тоа ли треба да го доставам во фонд за рефундација? Дали добро сфатив дека се земаат резултатите од зградата подолу трансфузиологија? Благодарам
Резултатите се земаат во зградата подолу, до Трансфузиологија му доаѓа. Ќе ти го испринтат рез и пеат ќе ти стават. Извештај за инекцоја не ти треба од Јани. На самиот рез пишува "доколку биолошкиот татко е РХ+, се препорачува профилакса" во полетп најдолу. Рецепта ќе ти даде матичниот гинеколог, за рефундација ти треба рез од кумбсот (потврдата за твоја к група(, потврда од гинеколог дека си примила инекција, фискалната со сметкопотврда , копија од трансакциска и барање за рефундација.