Во извештајот од трансфузиологија не пишува треба, пишува 'се препорачува' мислам ќе важи и така. Во секој случај, значи ти правеше Кумбс во 15-16 а инекција прими во 28ма? Измеѓу не повторуваше Кумбс?
Јас со првото така правев, ама ми направија Кумбс зошто ме пратија уствари да извадам к група за не дај боже ако дојде до абортус, а тоа е еден извештај уствари, и к група и кумбс, ама без разлика на тоа пак во 26та го правев. Со последново бебе може и да правев порано, некаде на средина на бременоста ама немав апсолутно никаков проблем за рефундација а ја купив и примивво еазличен ден. После пораѓај, по 24 часа излезе рез на син ми, беше позитивна к група, вечерта маж ми ја купи имуноро -без рецепта и тоа. Следниот ден ми ја аплицираа и на остпуснпто писмо стоеше само дека сум примила профилакса заради РХ+ бебе. Отпусното писмо ми беше со датум 2 дена по купена инекција, така да апсолутно никаков проблем со датуми немав. Само валиден документ да имаш.
Супер. Фала @Konstrakta И јас мислам така печат и потпис се најбитни. Ако сакаат рачка да најдат да не рефундираат верувам може да најдат, погоре прочитав некоја имаше пишано и некаков код од кутијата од инекцијата требало да биде залепен на потврдата каде што ќе пишува дека сум ја примала Планирам сега на следен преглед во Систина да ми ја стават, за тие што ја примиле во Систина, се наплаќа ли апликација дополнително? И за тие што се пораѓале во Систина, влегува во пакетот инекцијата што се аплицира после пораѓај или дополнително ја наплаќаат?
Во Систина ако ти ја ставаат после пораѓај, се ќе ти влезе во вкупната цена. Можеш да си ја купиш па они да ти ја стават ма да исто ти се фаќа, или не баш истп, зошто ти ако ја купиш, фондот ќе ти рефундара, вака ќе нема штп да ти рефундора зошто нема д аимаш фискална , нели. После киретажата ги прашав дали ја имаат, рекоа да, ме прашаа дали сакам кај нив да ме боцнат а пошто бев со приватно осигурување , не ми менуваше , тоа беше за втпрата китеража, за првата, маж ми ја купи од аптеката од кај нив, они само ми ја ставија, не наплатија плус за аплицирање на инекција. Само во извештајот пишаа дека сум ја примила заради тоа и тоа.
Здраво, дали би добила поврат на средства од Фондот ако на резултатот пишува дека треба да примам профилакса после породување, а јас треба да ја примам и во 28ма недела? И дали знаете што значи во тестот микроаглутинациски тест: да Кај IAT резултатот е негативен
Здраво на сите денес случајно слушнав за некои инекции што се примаат ако партнерите се со иста крвна група но немам многу знаење за тоа. Со сопругот сме иста крвна група А2 + позитив имаме керќичка, здрава, жива фала му на Бога, матичната никогаш не ме праша ми се чини која крвна група сме до сопругот и ништо не ми кажа дополнително.. Сега размислувам за второ дете, дали е потребно нешто да се проверам дополнително или за инекција да примам доколку останам трудна, сега ме фати паника, дали може нешто да не биде во ред ако случајно останам трудна? Секако ќе консултирам за ова и стручно лице но само што бев на преглед, вака од искуство да споделите би ви била благодарна ❤️
Само ако си негативна крвна група, а сопругот позитив тогаш се прима инекција. Но штом сте и двајцата позитив не треба.
Некоја што имала спонтан во рана бременост ( пред 10та недела ) а е рх фактор Негатив да ми каже дали примала Рогам Ве замолувам
Ако таткото е рх позитивна крвна група мора да се прими. А ако е таткото рх негативна не се прима. Во мојот случај и јас и мм сме рх негативни и не ме боцнаа. Исто и после пораѓај не ме боцнаа
Јас знам во кој случај се прима, ја примав првата бременост. Прашувам за После спонтан, не за во "нормални" ситуации. Фала ти @Feniksgirl
Јас примив во 8ма при крварење од хематом. Кога читав по странски форуми обично не ја примаат после спонтан во рана бременост, но јас ја примив и тековно во бременоста и покрај малиот ризик од вакво крварење.
Фала Јоана. Исто читав и а на 2 места ми кажаа дека не треба да ја примам затоа што немав срцева акција сеуште и дека се прима ако има спонтан после 10та недела. Едното мислење од Гак, едното од матичната ми е. Сега се консултирав и на трето место, чекам одговор. Затоа ми требаат мислења дали заебав работа некаде у меѓувреме.