Две неуспешни бремености (неделите ги имам заборавено ама пред 10та беа) без срцева и во двете ми рекоа дека морам да ја примам и ја примив.
Мене и после амниоцентеза ми ја дадоа. После абортус обавезно се дава ако мајката е рх - а таткото + Не знам дали има врска со недели и дали имало срцева реакција ама претпоставувам превентивно треба да ја дадат без разлика во која недела е спонтаниот. Во првата бременост имав крварење во 5та недела и матичниот тогаш ме искара зошто не ми ставиле, требало да ми дадат.
2 spontani, eden so srce, drug bez. I za dvata primav posle abortus Immunorho. Ne moze da znaes koj rh faktor bi bil plodot. Imalo, nemalo srce, zacnuvanje nastanalo. Primi ja.
Кога и да е спонтаниот мора да прими жената рогам, зошто крвните клетки на плодот се развиваат ептен рано уште 3-4та недела во јолк сакот. Прочитав дека не си примила и не сакам да те исплашам дополнително ама снаа ми имаше спонтан исто 7-8ма недела, киретажа и правеа во болница, лонг стори шорт. Остана бремена нареден пат, пак кај истата докторка, сфатиле дека заборавиле рогам да и стават. Правеше некој тест, ваљда кумбсот исто покажува дали телото продуцира антитела против плодот и и излезе позитивен. Добро пројде на крај ама со тресење цело време. И јас кај истата др одев и одма ме праша дали сум примала рогам после загубената бременост да не направила и со мене беља. И тогаш ми објаснуваше дека мора и после спонтан, зошто може наредни бремености да ги исфрла од старт телото зошто ги гледа како страно тело. Не знам колку време ти поминало од спонтаниот ама да си се распрашаш дали има чаре. Во секој случај ако бараме ведра страна имало шанса плодот да бил со негативен рх фактор па да си биде се океј. Секое добро ти посакувам и се надевам на позитивен исход.
Помина возот за примање , ќе се надеваме на најдобар исход за наредна бременост. Фала ви на сите за споделените искуства. Бидна шо бидна, тоа е.
За месец, два, направи еден кумбс. А во бременост, ќе направиш обаврзно и ако има антитела, ќе следиш титар.
Извештај од Coombs test со крвна група каде пишува дека се препорачува да се прими инекцијата, потврда од матичен дека си ја примила , фискална сметка од лекот и сметкопотврда, копија од трансакциска сметка. Сите овие документи ги носиш во фонд за здравство, таму пополнуваш барање за рефундирање и тоа е...чекаш пари на сметка.