И ние сме иста комбинација. Јас примив инекција после породување, откако ја проверија крвната група на детето и излезе дека е РХ+. Инекцијата треба да се прими најкасно 72 часа по породување. Во текот на бременоста не правев никакви испитувања - тогаш не се правеа и инекцијата се примаше само по породувањето. Зборувам за пред 7 години.
сега се прави испитувањето за време на бременост од причина што можат да настанат и микро крварења кои нема ни да ги приметиме, па да дојде до мешање на крвта и ако се создадат антителата- ојдовме јабана!
Tocno,sega se pravi Kumbsov test i ako e pozitiven se prima Rogam vo 18ta nedela.Po poroduvanjeto ako bebeto e rh + pak se prima Rogam.
Jas sum RH- i treba da ispituvam nekoj dva testa i potoa inekcija,,,e sega sakam da prasam privatno kolku kosta taa inekcija ? i kolku kosta drzavno?
јас треба во 27 недела да одам на трансфузиологија да ми испитаат дека сум рх негативен па да примам инекција.. на упатот ми пишпува вака rh incompatibilia in obs дали со тоа што пише на упатот се прави кумбусов тест или тоа е само да ми потврди рх дека сум негативен дали кумbусов тест треба да биде нагласен во упатот.. ве молам објаснете ми што пишеше на вашите упати вие шо имате правено кумбусов тест
Ќе сака некоја да ми објасни подетално?? Јас сум АБ- а мм е Б- што значи тоа? Ќе треба да примам некаква инекција??
нема дапримаш инекција зашто и ти и мажот ти сте рх негативни.. инекција примат тие жени што се рх негатив а мажовите им се рх позитив... инекции се примат во 7 ми месец.. да не се сттварат антитела плус за втора бременост да нема компликации со бебето... јас треба да примам инекција треба а одам на 20 ноември за крв да испитаат и за инекција... ако може некоја да ме просветли дали у упатот треба да биде нагласен кумбудсов тест....
Да, мора да е нагласено за Кумбсов тест. Без разлика на исходот од тестот, секако ќе примиш Рогам од 28 до 32 недела, а и по пороѓај ако бебе е рХ позитивен.
на мене не ми бише kumbusov тест туку ми пише rh incompatibilia in obs докторо ми кажа дека е тоа за проверка на рх фактор.. а зашои не ми дде за кумбусов тест стварно не ми е јасно...
Јас имам направено кумбсов тест а на упатот ми пишуваше друго - проверка на крвна група. Самата побарав + кумбсов тест да ми направат, така да кога ќе отидеш на трансфузиологија само потенцирај им на докторите за што си дојдена и толку јас две испитувања со еден упат направив без проблем. Се надевам дека ќе добиеш негативни резултати!
а проблем ли е ако добијам позитивни резултати.. не ми се јасни тие работи ако не ти е тешко да ми објасниш... оти докторот ми рече дека морам да примам инекција... што ако е позитивен резултатот.. што ако е негативен ??
Не треба да биде позитивен резултатот. Тоа би значело дека бебето кое го носиш е РХ-позитив и ти си создала антитела. За првата бременост истите нема да претставуваат проблем, но за втората и секоја наредна да. Ретко, но се случува во текот на бременоста жената да создаде антитела. Обично до тоа доаѓа по породувањето и во случај на абортус доколку жената не прими инекција а плодот бил РХ-позитивен. Еве мало објаснување во спојлер Спојлер На секој поединец освен одредувањето на крвната група, која може да е 0, А, Б, или АБ, се одредува и резус фактор. Повеќето луѓе се позитивни, а околу 15 % од популацијата има негативен Rh фактор. Rh факторот е важен во случај мајката да е RhD негативна, а плодот по таткото да наследи позитивен RhD фактор. Тогаш за мајчиното тело плодот претставува имунски страно тело. При породувањето, крвта од детето и мајката се сретнуваат, па мајчиното тело почнува да создава антитела против крвта на детето - мајката се сензибилизира. При ново зачнување тие антитела можат преку постелката да дојдат до плодот. Ако другиот плод е позитивен, мајчиното тело ќе го смета за страно тело. Антителата ги напаѓаат крвните органи и слезината и предизвикуваат хемолитична болест кај новороденчето. Плодот по породувањето може да страда од тешки анемии или оштетување на мозокот, а кај следните бремености степенот на оштетувања е се поголем. За да не дојде до хемолитична болест во наредните бремености, мајките со Rh негативен фактор во текот на бременоста прават Coombs – ов тест со кој се утврдува непостоење на антитела. На тој начин не се дозволува да настанат штетни антитела. Coombs – ов тест покажува непостоење на антитела кои се борат против црвените крвни зрнца.
Би сакала да знам дали е можно да имаш деца ако жената и сопругот имат иста крвна група ако се A+ и ист RH фактор позитивен?
Нема никаква пречка за бременост ако двајцата партнери се со иста крвна група и Rh фактор, крвните групи не се фактор при бременост.
си го зедов резултатот од трансфузиологија се е во ред.. coombs test е негативен.. утврдено ми е уште еднаш дека сум А2- .. сега од трансфузиологија ми рекоа треба да примам Рогам во 28 недела и доколку бебето се роди со РХ+ тогаш по породувањето во рок од 72 часа треба да примам пак инекција.. сноу проверка на крвна група кошта 190 денари.. толку јас платив денеска