Поминав денес во Космо во ГТЦ и од тоа што запамтив сјаевите се по 300 и нешто, лакови некои по 100 и нешто, маскари 400-450
Сенкиве ги гледав денеска во космо и се преубави.Дискретно светкаат и се како седефасти.Околу 300 денари беа,и во план ми е да си ги земам баш овие нијанси.Многу се убави.
Брееј сите ги раздигале, пола работи немаше на рафт, значи коректорот што го барав и не го донеле, па наместо него земав На лице место ги пробав и ми се допаднаа ќе видиме како ќе се покажат.
Ми кажаа дека конечно донеле Rimmel во Космо, сакав да прашам, освен козметика имаат донесено лакови на Rimmel или не?
Да, има и лакови. Цените не им беа ниски ама не беа ни нешто шокантно високи. Другарка ми си зема црвен и ептен и се погоди, и бојата е убава и јака, не треба да ставиш 4 слоја и е доста траен.
Колку се пудрите во просек??? На странта на Асос се 400-500 денари течните а има и камена за 350! Тоа е ефитно за Римел па и за било која добра и квалитетна пудра!
Која од пудриве на Римел е за сува кожа и по која цена e ? Доколку некоја користела од пудриве ќе ја замолам да ми кажи дали е покривна, трајна .. И дали има донесено кај нас од руменилата ?
Со која козметичка куќа Римел се блиску по квалитет и цена? И, ако може кажете нешто повеќе околу пудрите, колку видови ги има, какви се?