Со цена незнам со која се, бидејќи доста поевтини и од менхентен и од од максфактор и од буржоа. Имаш пудри од 300 до 550 денари, што се прекрасни,маскрата им е 190 денари а имаат и поскапи и сенките има се по 300. Со квалитет мене ми е доста добри, одлични да не речам, за мене далеку подобра од менехетен. Пудрата матот за мене е една одподобрите која сум ја имала, а цената е смешна, 306 денари мислам. имаш и од 500 таа што е потрајната таа е за вечерна шминка. Камената е исто 300 и е мн убава.
Маскарава како?? И така ми е у план да си купам маскара, а за таа цена тука добивам и сенка и кармин... Само да не не чинат, м?
Кармините се лудница. Ужасно многу квалитетни, не очекував до толку. Друго ништо немам пробано, ама имам неколку кармини и се полн погодок, не суши, не труе на кармин, боите се неверојатни, и трае. Пет плус за кармините, ќе си соберам уште некој сигурно.
Прекрасни се и сенките и карминот и маскарата. Сенки зедов на кафеаво и „стојат„ ,не се како прав да ги снема за 1 саат. Карминот 05 бројче зедов-само пофални зборови. Маскарата -добра е-не се рони,не се размачкува ,само,повеќе слоја треба да се стават.Дали дека јас користам Макс фактор 2000 калории,па со едно ставање го постигнувам саканиот ефект. Како и да е ,се се исплати и квалитетно е .
Јас ја користам моментално пудрава, густа е и стварно покрива. Не е баш хидратантна, па ако немаш некоја проблематична кожа не ти ја препорачувам бидејки многу е тешка.
Сакам да си ја земам оваа пудра . Ја пробав на тестер и добра се покажа, а и не беше скапа 300-350 мислам беше.
Ја користам течната пудра и за мене е перфекција.Ја зедов 320 денари ама толку се природни нијансите,мене бар попогодени ми се и од на Гош и на Максфактор пудрите а дупло поефтини.
Има во Битола..Ја си купив лак 150 денари ама вреди за парите! Многу се квалитетни, а и не се лупат јас на пример имам лоша навика ги грицкам ноктите и верувајте ептен тешко се вади лакот а и со едно нанесување , готова си! имаат специјална четкичка за само едно нанесување со два збора..ФАНТАСТИЧНИ СЕ...
девојки да ве прашам има ли некоја видено во космо дали е стигнат бронзерот од римел и ако има колку пари е одамна прашував го немаше
Девојки која нијанса е сенкава од римел? Ja барав на страната на римел ама не сум сигурна дали е Smokey Burn? И која цена се? во план сум да земам, ги имате користено?
Јас имам вакви ама различни бои, и мислам дека се солидни...мене барем ми се супер, ако сакаш да си ги купиш ич не се мисли...позз
Морам да ги пофалам кармините на Rimmel London, поубав кармин немам користено досега. Текстурата им е прекрасна, некоја полу-мат, но во исто време и кремаста, а јас баш такви кармини сакам. Трајноста им е одлична, а евтини се (мислам дека беа околу 190 ден). Еве овој го имам моментално (број 070 airy fairy), преубава nude pink нијанса, но дефинитивно планирам да си земам уште неколку: А еве и како стои:
Јас си го земав баш овој лак од Белград и сеа се јадам жива што не земав и во друга боја Сакав да ве прашам дали има некоја најмала шанса да ги најдам во Космо, а ако има по колку пари се да знам уште одма колку да носам. Благодарам однапред
Моментално ја користам оваа пудра од римел.солидно покрива и за летово сакав полесна пудра..овие денови планирам да го купам овој кармин,другарка ми го предложи,одличен бил..
Ја имам оваа маскара: И многу е добра, убава е четката. Самава маскара е многу густа, и на моменти прави грутки, но ништо страшно што не може да се среди со два потега. Јас сум задоволна.