Менди, памтиш колку пари ја зеде маскарава? Ми се допаѓа четката така на прв поглед, а и слична е со мојата, па кога ќе ја потрошам Колосал-от да ја пробам и оваа.
Пак јас. Доста време предложував пудри, ајде сега некоја од вас да ми предложи солидна камена пудра од фирмава. Цената не ми е битна, само да има убав избор од посветлите нијанси. И, да не биде со светки, ами да има убав мат финиш. Данкешен.
Па искрено и мене оваа највеќе ми фати око, ама ќе подразгледам пак за секој случај кога ќе одам да купувам. А дали кај нас ги има овие зацврстувачи? Ужасно ми треба некој зацврстувач, па ете нека биде на Риммел, само дали ги донеле. П.С. Ако знаете цена за компактните пудри, па и за ова лакчево погоре - пишете, онака да си прокалкулирам за колку ќе си го олеснам новчаникот.
За тие пари е стварно добра,мислам дека е околу 300 и нешто денари и плус е pressed powder ,што значи дека е и многу попокривна од обичните камени пудри
Го има кај нас овој зацврстувач, сум го користела и ти го препорачувам.Стварно е добар, а и резултатите се брзи.Само, не знам точно колку пари е
Ако не ти е проблем, ќе може ли да кажеш од кај го имаш земено зацврстувачот? Сакам и јас да го купам, ми треба, па да не се акам низ парфимерииве, вака да знам каде точно го има
Во Космо излгеда имаат фетиш кон овие чудниве цени. Конкретно, би рекла дека имаат фетиш кон двојките на крајот од речиси сите цени на производите на Риммел. Кармините изгледа секаде се 200 денари, а таму се 202; камената пудра од колекцијата Stay Matte и течната пудра од истата колекција ги купив 322 денари - секоја посебно, нормално. Има доста избор од лакчињата, мене ме фати онакво чувство дека морам да ги купам и да ги имам сите. Јас го купив тоа кое го постирав на претходната страница од темава и онака на прво лакирање сум задоволна. Многу е нежно, има розеникава боја на четката,а безбојно е на ноктот (види финта) и има маалецки и суптилни светки. За „симболична“ цена од 182 денари, како што спомна една феминка неколку постови поназад. Следна на листата ми е маскарата за која гледам дека тука сум дискутирала со Менди. За осумстотини денари си купив сè што ми беше потребно, а за истата цена порано купував само течна пудра. Со цените се сосема океј што многу ме радува, ама јас мислам дека сепак можат да покажат повеќе во врска со течните пудри. Ниту една не ми беше баш солидно покривна без претходно да нанесувам подлога или тонирана крема. Со подлога се супер сите, па дури и оваа која ја купив. Ама не е тоа тоа ... Сепак, се навикнав на овој начин на шминкање, па не ми смета и ете да речам, задоволна сум од крајниот исход - и онака ми требаше пудра за секојдневна употреба. Е, имам замерка за нијансите - под итно да воведат ванила нијанса, зашто дури и ivory ми е темна. Не се забележува толку многу, ама сепак си чувствувам јас на кожичкава.
Супер производи имаат, ги имам пробано тие карминчињата по 200 денари, фини се, лакчињата исто им се топ, сјајни се долго стојат на нокти. Моливчињата се ок и имаат ок цена. А најзадоволна сум од маскарава : Околу 360 ден ја имам купено, многу добра четка има како чешелче што мене ми се допаѓа многу за издолжување на трепктите, убави ги извиткува и издолжува. Втор пат по ред ја купувам. Имаат многу убави сенки во пастелни бои некоја комбинација, на нив им се мерачам околу 350 денари беа ми се чини...
Какви се сенките од Римел ако користел некој... Битно ми е само да траат повеке од 5-6 часа и да не се размачкуваат
Римел се доста квалитетна козметика во однос на нивните цени. Немам многу производи од нив, но од тоа што го имам ништо ме нема разочарано. Кармините од линијата на Кејт Мос се преубави. Имаат убава кремаста структура и не се издвојуваат на линиите од устата. Маскарата што ја има поставено Мимс погоре исто така е доста добра, дава убав природен изглед на трепките. Нешто нај што ми се има погорено е камената пудра Stay Matte. Не дава изглед на зациментирано лице, туку остава баш природен финиш. Дефинитивно би ја купила повторно.