Сјајчињава ги има кај нас? Нијансиве ми се совршени сите им ги сакам додуше сликиве се големи и не ги фака цели во постов, отворете ги во нов таб
На Асос има намалување на сите производи на Римел. http://www.asos.com/search/rimmel?hrd=1 ... =-1&sort=3 Е сеа како што видов некои работи и не ми изгледаат поефтино од кај нас. Не сум ги користела карминчињата ама викате околу 200 денари се, тука доаѓа со попуст околу 250. Јас си порачав руменило, прочитав кажувате 280 било отприлика, а јас го нарачав за околу 180 денари.
Пудрава ја има и кај нас од пред некој месец али само темни нијанси, секаде и во Космо и во Јуник само темните нијанси, штета а јас ја користам баш најсветлата(тру ајвори) која за разлика од други марки не е бела креч како дух туку баш убава светла нијанса крем. МАЛЕР не за џабе ми беше омилен збор на бушава азбука... Цената кај нас и од Асос е речиси иста, горе доле околку 600-650 денари... Али барем нема потреба да се чека 14 дена, предност ипол барем кога се работи за козметика...
Само кармин имам користено од оваа линија и не ми се допаѓа баш, ми ја суши устата што почнува дури да ми се лупи, во однос на трајноста е ок за тие пари .
Козметиката им е солидна ама имам една многу голема замерка за фирмава а тоа е девојката која ја даваат на нивните реклами.Ја гледаш вака убава а штом отвори уста дамла автоматски те удара,то забиштата и се Берово и Дебар.Ама најозбилно.
на Мick Јagger керка му е. и има ли некој користено од римел кармините? се мислам дали да земам,многу суви биле читам,сушеле уста?
Не се до толку суви да сушат уста, во главно сите мат кармини се малку „погруби“ со усните, но според мене кармините им се одлични за цената. Ако ти се премногу суви (а не верувам да ти бидат) пробај да нанесеш малку лабело, ама многу малку за да не ти се разлева пак ептен карминот и свршен чин.
Како идат нијансите на оваа камената пудра, стеј мат ? Ми фати око, претпоставувам и не е скапа. Само нијансите ме занима дали се повеќе накај црвенкасто или накај кожа боја, мразам пудри што маваат на црвенкасто, сакам онака повеќе на жолто, како крем боја.
Со жолт подтон се, Карина. Би требало да ти се допадне. Некои од нијансите имаат розе подтон (една беше мислам), но во главно повеќето се со жолт и не делуваат нападно, но внимавај си зашто се доста светли. Не знам каков тен имаш, јас ја имам 003 peach glow и ми е одлична. Ова се нијансите.
Да си го обезбедам долгопосакуваниот бургунди кармин, ќе го земам и овој. Многу ми фати око, иако ќе биде којзнае кој по ред во ваква нијанса кој го купувам. Се надевам дека не им е повлечен од продажба, зашто пред некое време го барав ама не успеав да го најдам. Дали некоја го видела низ некоја парфимерија и каде? Rimmel Kate Moss - 03 Спојлер
јас денес случајно ги видов во ДМ кај беко, но ги немаше нуде нијансите. Баш тие ги сакав. Потоа отидов до Космо на истата улица, таму не ни донеле, а пред некој ден и во зебра прашував ги немаше. Значи во Космо ги нема. Цената им е 370 ден и се премногу убави и пигментирани и мирисаат на лубеница
Маскарава ја имам ... ја добив на поклон кога бев надвор од државава, навистина неочекувано добра е. Како што кажа Менди може да се случи да има грутче ама се средува. Важно издолжува и ги прави погусти.
Спојлер Jaс го имам чудово веќе подолго време, прекрасна кафена боја, премногу ми се допаѓа, е сега не стои толку долго колку што би сакала, но добро, веројатно дека сум пушач па со тоа и по секоја логика дека после секоја цигара треба да ставам наново. Го има во Космо, или во Зебра или во ова кај Малиот Принц, го гледав баш пред некој месец ги имаше поголем дел од нијансите на Кејт Мос. Може и во Дм да најдеш ништо чудно.
^^^ цената е околу 200 ден или 202 во Космо мислам а има и мат и не...тие мат се во црвена опаковка а другите се во црна
Немам друго пробано козметика од Римел освен пудрата Лестинг финиш.Најубавата пудра,само таа ми се погодува! За ништо не ја менувам.