Од карминиве го имам црвениот, имам пишано и во др тема , прекрасен е вториот по ред го имам и планирам/сега кога ке дојдам во мк да си земам и др боички. Ме интересира дали ги имате видено останативе нијанси, тие посветлите и burgundy бојава? И дали ги има сенкиве во мк?
^ Ги има сенките, мислам дека се 300 и некој денар колку што ме држи сеќавање. Мене ми се навистина супер, ја имам сивата и кафеавата палета. Ги има и нијансите на кармините, речиси секогаш се достапни, ако ти се потрефи ќе ги начекаш. Мене ме интересира, дали некоја ја пробала новата верзија на пудрата Stay matte? Приметив дека ја донеле пред скоро, но се брзав и немав време да видам каква е. Сега е со подобрена формула и има пенаста структура, па се надевам дека од неа направиле корисна пудра со која би можела да протуркам дневна факултетска шема.
Сенкиве ги имав во план да ги купам,но во последен миг се премислив па купив едни на Аура но мислам дека погрешив,ги има во Космо сигурно,не беа многу скапи. Бургундецов последен на сликава е број 11,го имам веќе година и нешто,прекрасен е,нема да погрешиш ако бараш ваква боја,инаку е 200 денари Ја барав пудрава пред Нова година но кај нас во Космо ја имаше само старата верзија а баш сакав да ја пробам новата,читав екстра критики за неа,дека е многу подобра од претходната,дека е скроз нова формула и одлична пудра ја направиле.Јави ако ја најдеш негде
^^^ Имам пишувано и по други теми за пудрава,ја има и во ДМ и во Космо,цена 369 или 363 ден и јас читав многу позитивни критики на интернет ама првите 2 нијанси кај нас во МК ги нема,значи почнува од 103 True Ivory и јас неможам да си најдам нијанса.
Што мислите, подобра е оваа или Менхетен пудрата за мат изглед за сува до комбинирана кожа? Не сум ја користела оваа од Римел никогаш, па ако можете да ми направите споредба. Благодарам однапред
Инаку пудрата Stay matte од Римел, во новото пакување, ја има во ДМ во Капитол и е 319 денари и има 5 нијанси.
Која е подобра, Stay matte или lasting finish? И дали ги има истите нијанси, бидejќи 103 од lasting finish потполно ми одговара.
да не знаеш можеби дали има од порцеланот таа би требало да е најсветла а иначе како вид на пења е или мислам ако си ја користела да ми кажеш
нема..кај нас почнуваат нијансите од True ivory а пред неа има уште две нијанси ама кај нас не ги носат
Одамна се токмам да земам карминче од rimme,треба да наминам во ск ,ме интересира која е цената без попуст и дали го има тушот кај нас во продажба и каде да барам во ск производи од rimmel
Значи ми треба пудра (сакам од оваа марка/фирма) .. пудрата да е покривна,да не дава дополнителен сјај и да е за мрсна кожа со акни-комбинирана. (мене од некои пудри кај носот кога ставам ми се прави како лиши,лушпи - ми се лупи тој дел )
lovemme цената на кармините е 210 ден +-10 SunnyGirl2 rimmel lasting finish според мене и псоред коментарите што сум ги читала е подобра од таа perfect mat. А на youtube доста ја фалат и wake me up
Презадоволна! Маскарата е топ, густа е, а и самата четка си го прави своето дефинитивно. За информација за заинтересираните, во ДМ е моментално на промоција заедно со други производи на Rimmel London (a нова е), како карминчиња, сенки и слично, 320 денари е моментално.
Каде може да ја најдам камената пудра на rimmel stay matte освен во ДМ зошто таму немаат тестери ви благодарам однапред
Каде го имате видено моливчево? Се убив од барање и никаде не можам да го најдам а се си мислев дека го имаат донесено кај нас. Освен на макс фактор и некое на Аура немам видено други, а баш сакам вакво