Македонските јавни фаци Добро,умре! Жал ми е. Ме просветливте и мене и сите ФБ пријатели. Може и Цукенберг има сфатено до сеа. Шо уште го тупите?!
Македонските јавни фаци А делот што најмногу ќе ме нервира во сето ова е што ќе има такви на кои ќе им смета ако се стави негова песна или се напише статус на фб “Почивај во мир“ или “Р.И.П Гоце“ и ќе речат “абе ајде, до сега нигде ве немаше, сега се правите дека сите го сакате!“ А тоа не е ни малку точно! Тој што ќе биде барем малку засегнат ќе реши да напише, а некој ќе премолчи баш заради овој тип на коментари. Ама вистината е дека човечки е да се направи тоа, го нема веќе пејачот што е дел од музичката естрада повеќе отколку што сум стара јас. Го слушав понекогаш, ми се правеше ќеиф да ја пеам “Стара Мајчице“, “Огин и пламен“, “Ај да беше стрела песнава“, а многу патриотски ме погодуваше “Што ќе остане од Македонија“ и доста често ја постирав на фб... http://www.youtube.com/watch?v=32AL7jrt ... re=related За крај, лесна ти земја легендо, еден од повредните гласови во нашава мала земја, заедно со Секула Пупиновски, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева... Сега и ти си во легендите, а оние што останаа на земјава, се надевам уште долго ќе живеат и ќе не исполнуваат со квалитет, да не` спасат од певалки со силикони!
Македонските јавни фаци Дете, ова тупење според тебе се вика почит и коментаров ти е одвишен. И нека разбере и Цукенберг, цел свет го познаваше и почитуваше Арнаудов и неговата музика, ете нека чуе и тој
Македонските јавни фаци А зошто некој се замара оти пријателчињата му отупеле со R.I.P на фб или на форумов. Абе кој како сака,аман,постои опција игнор ако нешто не ти се допаѓа.Ми е гајле дали некој ставил 5 песни одеднаш за него,или што ѕидот на фб ми е само со линкови од Гоце. Кој што сака нека си прави,мене пак ми се по банални оние што мрчат зошто пак сега сите пишеле ова сите објавувале она а претходно кај биле...Е добро де,сакале така и така прават. Имаше вицови за неговите кошули,и се смеевме сите и што има тука.Ама и сите играме на неговите весели песни без кои ретко некоја свадба да пројде. Секој на свој начин си изразува почит,па дури и за некој кој не го ни обожавал.А зошто па да не? Мене ми е жал што подмолниот рак зеде уште една жртва. Нека почива во мир.
Македонските јавни фаци Мислев дека е уште една болна шега,мајке ми... Лесна му земја! Весел лик,никогаш не сум била дел од тие журки,ама имав желба да скршам некоја чаша на негова песна,ама стварно! А и цело време си викав,ако икад се мужам,после цела усилена помпезност како што бидува на нашиве свадби и на крајот од вечерта диџеј,јас да си го донесам Гоцета наш да ги шизнам сите! Боемчиште опасно!
Македонските јавни фаци ^ Уште еднаш ако ми се обратиш со дете,ќе сфатиш колку грешиш. Значи,јас сфаќам кој е Арнаудов. И го почитувам како артист. Но нема да пишам длабокоумни статуси само за да му покажам на фб пријателите колку голема душа имам јас и колку тажам за некој кој не го слушам. И мислам дека е крајно ниско,да ми се обраќаш така само затоа што си повозрасна од мене.
Македонските јавни фаци А од кај знаеш зошто некој постирал на фејсбук? Можеби го почитувал, ги сакал песните и сакал да му оддаде почит.
Македонските јавни фаци Да,дете зошто на твоите пријатели нема да им бидеш кул шо си оддал некаква почит за него. Најмалку како нација што можеме да направиме е да пишеме статус, ко и онака животов на фејсбук го поминвиме. Ц, haters gonna hate. Немој да ми кажеш дека кога ќе ти умре лудата Гага нема да цмиздриш на фејсбук. Инаку жал ми е шо ја полниме темава со офтопици,ама пред ваков идиотизам неможам да се воздржам. Едноставно, воздржете се вие кул фацички и оставете нас прост народ да жалиме. И онака секој ден го тупите со вашите секојдневни обврски.
Македонските јавни фаци А зошто на македонските страни пишува дека ракот го достигнал крајот, а на англиските портали дека се работи за сообраќајка???
Македонските јавни фаци веројатно не се добро информирани.. Ама сега тоа е одвишок... Жално е што веќе го нема, знаев дека боледува, но никако не очекував и не сакав да се случи ова..
Македонските јавни фаци Без разлика дали некој ја слушал неговата музика или не, но сепак треба да се одаде почит.Сега на нет проверив, пишува дека починал од рак.
Македонските јавни фаци Девојки,да не се разбереме погрешно. Јас против Гоце немам ништо. Напротив,го почитував како еден од артистите кои одржаа квалитет во континуитет. Значи,и покрај тоа што мојот пост звучеше крајно грубо,јас мислев на постовите на ФБ кои се повеќе од иритирачки. Не мислев ништо лошо,чилекс.
Македонските јавни фаци Ти ова сериозно? Ако сфаќаш кој е Гоце Арнаудов, да не те боли ташакот за статусите кои ги пишат другите. Имаат право да му оддадат почит на човекот и никој не мора да прашаат за дозвола. Не е важно дали биле верни негови фанови, турбофолкери или си го слушале како мене, само на добри пиенки.. важно е дека човекот е почитуван. И во ред е некој да му оддаде таква почит и да го спомне. Фала му на господ што фб-кот не беше уште (А)социјална мрежа кога умре Тоше, за да не ми се нервираш за статусите што ќе ги пишеа во тоа време. Grow up!
Македонските јавни фаци Да секако, пишав и јас претходно дека е греота, само мала ронка надеж да не случајно постои можност да е некоја грешка ... али нејсе, стварно го нема.
Македонските јавни фаци Да, но како што пишуваме тука, некои луѓе не пишуваат по форуми, па почит оддаваат на Фб.
Македонските јавни фаци Штета е за таков енергичен човек! Без разлика дали некој го слуша или не, вреден е за почит. Се сеќавам како мала колку ми беше смешен, кога ќе излезеше на некоја сцена пленеше со неговата енергија и ентузијазам. Ќе пијам, ќе лумпувам ќефови ќе терам свои и така, почивај во мир!
Македонските јавни фаци Јаооо луѓенца дајте бе човекот отиде кој што сака нека пишува . Јас никад не сум го слушала нит почитувала нешто вааа порано помала се плашев од него мислев дека е вештер плачев , кога ќе ми се појавеше на екран . Но знам дека ми е жал и ич не ми е исто . Тој беше големо музичко име и фактот што не си го слушала ти па и ти и јас не дава за право да спориме за квалитет. Неко го слушале и повеќе од што си замислувате ама денес на фб ако постираш народно луд те прават има непишано правило тоа да биде гага , ријана , техно рап и остало .... Јас си знам дека оваа песна во продолжение многу му ја сакам и ќе ја сакам и ќе ме расположува како ретко која . Оставете човекот да си почива во мир мислам стварно не е тема за препукување . http://www.youtube.com/watch?v=6F_PX0Lag3Y
Македонските јавни фаци За овој човек навистина ми е жал.Впрочем, мислам дека само тој и беше вреден за слушање од нашава фолкерска естрада. Не можеш, а да не се развеселиш кога го слушаш, самата негова појава ти мами насмевка на лице, а не пак кога ќе почнеше да пее... Само, пред некое време гледав во емисија, зборуваше дека конечно го излечил ракот, едвај нашле лекар кој му поставил дијагноза, дури во Германија, а почна и да пее, имаше повеќе настапи, и сега ова...жалосно. Нека почива во мир, ќе остане запаметен.
Македонските јавни фаци http://www.youtube.com/watch?v=fEr9RsDnW8Y Ај доста,ај мир! Ееее! Кај беше Џокси да пишеше кога Наташа не мрдна?! Ај за Лејди Гага ќе збориме! Ај доста,стварно доста. Еве ви една култна фолк песна од помодерните,од душа си пееше човекот.