Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

RIP Гоце Арнаудов

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од karina8, 6 декември 2011.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Македонските јавни фаци

    А зошто некаде пишува дека починал во сообраќајна несреќа? :^)
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Македонските јавни фаци

    фацка си беше човеков :(
    нит пиев нит лумпував, нит ќефови си терав свои, (ок, многу си се сакам што сум таков крој -тука се пронајдов :D )

    Aма мене ми беше ептен позитивно чоече. поготово со тие фацките дур ги правеше на микрофон, онака се соживуваше со песните негови :(
    и кошулите му беа најфенси, баш ми беше позитивен, кога и да го начекав на тв си пуштав да го слушам, интересно човече


    Hека му е лесна земјата, навистина пред се, многу млад, само 52 години :( :(
    Aјде барем ќе памтиме ние сме гоцевата раса

    RIP :(
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Македонските јавни фаци

    RIP Гоце уште една ѕвезда згасна....


    Почина актерот Илко Стефановски


    НУ Народен театар-Битола соопшти дека денеска почина актерот Илко Стефановски, роден во 1952 година во Битола.

    Илко Стефановски, основно и средно образование завршил во родниот град, а Факултетот драмски уметности, отсек актери го завршил во класата проф. Илија Џувалековски во 1976 во Скопје. Илко Стефановски е актер со богата актерска кариера остварена на домашната и сцена и во поширокиот театарски простор, еден од столбовите на својот матичен ансамбл, а може слободно да се каже и неодминлив за она што е евидентет квалитет во македонското актерско творештво, преку неговите гостувања во најразлични продукции.

    Во архивата на театарот, како и во меморијата на бројната публика ќе останат маестрално остварени рољи на Илко Стефановски во претаставите : „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “,„ Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други. Како актер блесна и со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програмии, информираат од битолскиот театар.

    Во 2003 г. Илко Стефановски ја врши и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномнираната летна уметничка манифестација во Македонија –„Охридско лето“, учествувајки и во проекти од неговата матична сцена. Добитник е и на престижната Републичка награда „11 октомври“.

    По повод смртта на актерот Илко Стефановски, НУ Народен театар-Битола утре во 10.00 часот ќе одржи комеморација. Погребот на Илко Стефановски ќе се изврши утре во 12.00 часот на гробиштата „Св.Недела“ во Битола.

    извор Сител

    RIP
     
  4. marica88

    marica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Македонските јавни фаци

    LEGENDA беше.......... нека почива во мир Гоце Арнаудов
     
  5. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир..
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да бидам искрена не го слушав но многу ми е жал.Нека почива во мир.
     
  7. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Чоекот си беше закон. Му немаше рамен во забава каква што само тој знаеше да направи. Почивај во мир.
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Почивај во мир ЛЕГЕНДО! Баш ми е жал што нема да ми се исполни таа желба ти на свадба да ми пееш!
     
  9. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Нека почива во мир.

    Ќе признаам дека не поминало ниедна свадба на која сум присуствувала да не се пеат: Ах да беше стрела песнава,Ќе пијам ќе лумпувам и Свири мајсторе и да има невидена веселба,а и многу пати кога имаме приватни жирки со друштвото така потпијанети знаеме да ги пуштиме.
     
  10. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    нека почива во мир и лесна нека му е земјата.

    ЌЕ ми недостасува в година на пиво фест ;( секоја година правеше невидена забава. Искрено незнаев дека боледувал од рак...
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Гоце Арнаудов ја заслужи сета почит, бидејќи во нашата куќа, како и во многу други македонски куќи, токму тој се слуша на секој празник :)
    Иако тоа не е мојата музика, не е мојот стил, ама никогаш не брзав да сменам канал кога ќе го чуев, нити некогаш промрчев што татко ми и во неделите знаеше да си го пушти :)
    Неговите песни, како и песните на Јонче Христовски и многу други имиња од нашава фолк естрада (не новокомпонирани турбофолкерски фаци), мене лично ми ја греат душата на празници, фамилијарни собири, слави, и тоа на начин на кој омилените мои рок бендови, џез или блуз музичари не го прават тоа.
    Ова е наше, и е дел од Македонија.
    Туку, Ах да беше стрела песнава, да ја пуштам право кај тебе и во срце да те погоди...... :D епа татко ми го погодуваше секој пат, а и мене, можеби сега не толку многу, но кога бев помала и те како... си пеев и јас :D
    Ама секој пат му се смеевме со татко ми за фацата што ја правеше додека пее. Нит знаеш дали плаче или се смее човечево :D
    Весело суштество. До крајот си пееше и покрај се’ :)

    http://www.youtube.com/watch?v=Mv7VsGuV ... re=related


    Утрово кога ја прочитав веста за смртта на актерот Илко Стефановски на Плус инфо, имаше и еден коментар што прилично ми се допадна, па ќе го постирам. Подобро и не може да се каже.
     
    На Ragazzina, esperanca, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не е битно дали некој го слушал, не го слушал, го следел во кариера не го следел.. Греота е за било кој на овие години да почине, сепак е млад човекот.
    И мора секад да е така за било што има некој да мрчи секогаш, а не мрчат дека не го сакаат туку за да се направат фраери.. демек јас сум различен од другите, јас сум кул, ваков таков..

    И мене не ми е воопшто интересно да гледам една иста негова песна 3732723792 пати објавена, ама ако одлучиле луѓето да му одадат почит нека го направат тоа си имаат право. Башка има и опција игнор, немора да гледате постови од луѓе кои ги сметате за банални и досадни.. А тие што упрорно продолжуваат да мрчат ме интересира кој ним ќе им одаде чест кога ќе дојде времето :tmi:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    На Hopeful, Sparks, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Човекот беше легенда ,толку позитивен беше и правеше толку добра атмосфера каде и да се појавеше ...жално многу што ваква судбина имал ,нека почива во мир :(
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мене па тупење ми е 30 коментари за патичињата , фармерчињата и маичките на Џокси

    Почивај во мир Гоце.
    Човек кој никогаш не бил не забележан. Дали предизвикал смеа, радост, антипатија, симпатија, поглед - не битно. Предизвикал, тоа е важно.
    Јас лично многу ја сакам неговата - Дали чекаш стара мајчице. Секогаш кога ја слушам се растажувам и си ветувам дека мојата мајка нема никогаш да стои на “порта“ да ме чека.
     
    На ana-banana, macysh, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ехх, колку ми е жал за човекот. :( Замина уште една легенда.
    Се сеќавам кога пред многу години, пред повеќе од 10 години, мала бев тогаш, направи концерт во Домот на културата, каква атмфосфера направи просто неверојатно беше, ја размрда публиката.
    А, и не постои свадба во која не се свират неговите песни. Тоа се песни, песни за опивање, веселење, а не оние турбофолкерските. |(
    И не сфаќам како може некој да не го допре неговата смрт. Не верувам дека има некој што не знае барем една негова песна. Јас го почитувам него, отсекогаш сум го почитувала.

    Почивај во мир, легендо. :bow:
     
    На esperanca, antilla и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мене прееска ме штрекна оваа страотна вест.
    Наеднаш ѕидот почна да ми се полни со негови песни и од некаде излезе и информацијата дека починал. :(
    А знам, неодамна читав дека го победил ракот, се радував премногу, ама за жал не било така.

    Го почитував Гоце, секогаш сум го почитувала, уште од дете. Како растев го сфаќав значењето на неговите песни, нивната длабочина- посебно на оние сериозните- како на пример “Песна за петте струмички студенти“ која не е можно да не ве наежи без разлика од кој град сте, или песната што ја постирала Скорпионка- “Штом ноќва помине“, или патриотската “ Што ќе остане од МАкедонија“, колку и да не го сакате, не можете да ја игнорирате силната емоција која што ја носи оваа песна.
    Да не набројувам, сите негови песни имаат голема вредност, тој не правеше музика за пари- тој живееше за музиката, уште од дете таа беше негова верна сопатничка.

    Можеби не беше совршен човек, сопруг, татко- но јас сум сигурна дека сите негови блиски знаеја колку голем човек имаат во својот род.

    Ќе останат уште долго да се пеат неговите песни- и тажните, а посебно оние веселите, неговата слава ќе биде вечна.

    Нека почива во мир.
    Мој поклон :bow:
     
    На OzzyAngel, Ragazzina, esperanca и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нека му е лесна земјата. Што и да кажам повеќе излишно е...
     
  19. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Јас воопшто незнаев дека боледувал човекот е стварно греота не само дека тој ни е познат и сите го знаат туку греота за сите млади кои не напуштија,судбина.Нека почива во мир!
    Мислам дека гооолем број од населението неможевме да си замислиме празник,веселба без неговите песни... сочувство и до фамилијата...тешко е
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Штета...

    Штета најпрвин како човек, дефинитивно ракот е најголемиот убиец на веков, ако нешто во животов сакам тогаш е за тоа да се пронајде лек и да не ми се крши срце секогаш кога ќе слушнам дека некој ја изгубил битката против него. 52 години не се ништо, премлад, штета навистина.

    Како музичар беше незаменлив во тој жанр на музика, ретко, речиси никогаш да поминало веселба и манифестација без негови песни. Човекот си ја сакаше својата работа, ја работеше со ќеф, од срце, а не комерцијално и за пари.

    Како и да е, постигна огромен успех, да знаеш дека твоите песни се свират на сите веселби за убави нешта, свадби, крштевки, матури не е мала работа.

    Македонија треба да е горда што имала ваков човек, дефинитивно.

    Нека почива во мир, и му благодарам за сето дело што го направил во животот. Постигна многу.
     
    На esperanca и sesilija им се допаѓа ова.