Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

RIP Гоце Арнаудов

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од karina8, 6 декември 2011.

  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Јас се шокирав кога прочитав дека починал. :x
    Првпат денес ја слушнав песнава, Песно моја, и се расплакав.
    Нека почива во мир!

    http://www.youtube.com/watch?v=vGxtMlbyXwo
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Жапче и кај мене татко ми реодвно си го слушаше, еве и летово во Охрид и Битола се веселеа на големо со негови песни моите другари. Не ми сметал и ќе го гледам како ознака за Македонија, зошто вака или така оставил печат.

    Меѓутоа тоа што вика Карина дека хејтаат за да се разликуваат од другите. Еве и мојот статус беше дека одеднаш сите го засакаа. Мене лично ми смета, особено луѓе што знам колку се подбиваа со него до последен момент. И ме нервира фактот дека низ една година не видов некој да постира песна. И сега одеднаш оние што плукаа, со РИП статуси и песни на ѕидовите. Премногу ми е дволично. И едно што не ми се допаѓа кај нашиот народ што не го возвишуваат додека е жив, додека ги правеше сите тие успеси не му праќаа писма, мејлови за да ја искажат воодушевеноста, а сега го прават во енормни бројки, ама тој не го знае сега тоа, дека е толку ценет.

    Како и да е е големо обележје, нека му е вечно името..
     
    На calliope, Abeja и Hipica им се допаѓа ова.
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Желбата кога ќе се мажам Гоце да ми пее на свадба, е нешто што за жал нема да ми се исполни :(
    За прв пат ме воодушеви на една свадба на која бев, кога имав 11 години, за лани да ме воодушеви повторно на пиволенд и летоска на една манифестација во малешевијата. Човеков беше прав талент
    Нека почива во мир, беше еден од најдобрите ако не и најдобар изведувач на македонската народна музика!
    Лесна ти земја легендо :bow: :bow:
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Бог нека го прости ,жално...Косата ми се крена кога прочитав ,никој не очекуваше дека баш Гоце ќе замине на тоа подобро место ;(
    Почивај во мир ,Гоце ,драго ми е што ја имав честа да те запознаам лично и да уживам во твојата музика. ;(
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир Гоце ;( ;(
     
  6. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Почивај во мир и лесна ти земја уметнику. :worried:
    Многу млад бре....аман.
     
  7. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Гоце................години наназад ги слушав неговите песни се расположував,пиев и плачев.Немаше веселба а да не се засвират неговите песни посебно онаа со трубите Огин и пламен,Ај да беше стрела песнава.Омилени песни негови ми беа Проклети да се предавниците,Бранови,Немој Гоце свестисе,За Срумичките момчиња насловите можеби ги згрешив но песните од глава не ми излегуваат.Искрено го обожавав дури во темата музика имам постирано негови песни.Македонија изгуби голем уметник,патриот,музичар со многу награди човек кој беше сакан мегу народот пееше со душа емоции и на свој посебен начин знаеше тоа да го пренесе на публиката.
    Твоите песни се хитовски и ке се пеат години и години.Ке останеш легенда на музичката сцена.
    Почивај во мир.
    Сочуство до најблиските.
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    РИП Гоце Арнаудов
    иако никогаш не бев негов фан,ниту ми се допагаа неговите песни а кога прочитав дека боледувал од рак се зачудив(барем јас колку што знам во јавноста за прв пат оваа информација се појави, или грешам :?:)
     
  9. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир! :bow:

    Македонија повторно се збогува со уште една музичка легенда.
    Ќе го паметам како човек со најпозитивна енергија од фолк естрадата,човек кој пееше од се' срце, човек кој ја носеше во срце својата земја каде и да одеше ... Неговите песни ретко кој не ги знае, секогаш се пееле и ќе се пеат на свадби,прослави,фестивали.

    Нема да заборавам еден викенд покрај беровско, на маса ракија и мезе колку ти душа сака, а во позадина ечи ќе пијам ќе лумпувам ....Ех, песните негови ми навираат преубави спомени..

    Гоце, легендо, никогаш нема да те заборавиме. Ни остави преубав поклон = твоите песни.
     
  10. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Фолк ѕвездата долго се лекувал од рак на панкреас. :(
    Секогаш кога и да го видев на ТВ беше насмеан секогаш расположен за шеги..Ама ете што да се прави , така му било судено . Почивај во мир ѕвездо !
     
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Јас дури денес слушнав за веста. Се нажалив од веста :( Не сум била некој голем фан никогаш, но му се восхитував на веселиот карактер и за тоа како успеваше да направи атмосфера секаде каде настапува. Секогаш кажував, алал да му е на човекот, навистина знае како да го живее животот.
    Иако не доживеа длабока старост, според мене тој живееше поубав живот, поисполнет и повесел од некои што дочекале 90- годишна старост.

    Почивај во мир, Гоце :(
     
  12. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Вчера слушнав дека починал и многу се изненадив бидејќи не знаев дека имал рак на панкреас. Мислам дека многу луѓе се изненадија од оваа вест затоа што никогаш не се појавил било каде без позитивна енергија и насмевка. Како и да е, не сум го слушала претерано, меѓутоа го почитувам како уметник. Нека почива во мир.
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Кога бев помала многу го слушав.За разлика од сега...
    Живееше во ист град каде живеам јас и имав шанса да го видам од терасата од станот или пак како седи на клупите во малиот парк.Секогаш некој го поздравуваше,му даваше почит.Баш ми е жал за човекот...Сите го сакаа,почитуваа.
    Македонија изгуби уште еден квалитетен пејач :!:


    http://www.youtube.com/watch?v=80TW4i8t ... r_embedded

    Омилен рефрен:

    Штом ноќта помине и денот осамне,
    од песок, срца две ќе направам.
    Во моите куфери ќе скријам немири
    и, без да плачам, ќе си заминам.


    Неговите песни ќе останат вечни!
    Почивај во мир.
     
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Почивај во мир!

    Стварно ми е жал... Ама, тоа е.
     
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Бог да го прости, нека почива во мир.
    И јас се изненадив кога прочитав тука дека Гоце починал, нека му е лесна земјата.
    Навистина беше добар пејач, секогаш изгледаше позитивно расположен. Сигурна сум дека не оставил никого рамнодушен со својата музика и дека секој, барем и еднаш да било, се развеселил и разиграл на неговите песни.

    Можеби ќе е офф топик, ама ќе пишам тука.
    Жал ми е и за актерот Илко Стефановски - бате Боле од „Погрешно време“. Добар глумец беше, еден од моите омилени македонски глумци.
    Ова не го кажувам само дека умре туку дека навистина е така.
    Нека почива во мир и тој.

    http://www.youtube.com/watch?v=q_eRIiBotQs
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Нека му е лесна земјата на човекот :bow: .

    Не дека го обожавав нешто, има некои интересни песни. Само ми изгледа глупо, порано се правеа вицови на негова сметка за кошулите, а сега на сите му е демек криво.
     
  17. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
  18. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Па јас се шалам за кошулите, а ми е криво.
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    R.I.P. легендо ... појма немав дека има рак, се изненадив вчера кога прочитав :worried:

    желба ми беше на свадба да ми ја пее песнава
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... clP5Kz9V3A
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Човек кој зад себе остави нешто вредно: песните без кои не минува ни свадба ни веселба.
    Уште еден наш музички амбасадор замина...
    Не му бев верен фан, не го слушав редовно.
    Ама го почитував. Го почитував неговиот лик и дело!
    И изразувам сочуство на неговите фанови на форумов.
    Бог нека го прости!