Нека почива во мир. Прекрасен пеач, кој зад себе остастави феноменални песни. За жал животот е суров, нека му е лесна земја.
И мене ми е многу жал,за мене беше шампион.За роденден пред неколку години во Ореов лад ресторанот се погоди он да пее таму атмосфера правеше како никој многу убаво си поминавме нека почива во мир
еднаш беше гостин во една емисија и кога му рекоа: ајде Гоце речи два три збора он одговори-јас подобро да испеам две три песни отколку да кажам два три збора... Е мој сограгану лека ти земја,остави голем траг со твоите песни и твојата весела крв....нема свадба веридба роденден забава да не помине бес најмалку 10 твои песни,фала ти за секоја твоја песна,и за 5-те студенти,и за дали чекаш стара мајчице,и за штом нокта помине (мојата најомилена песна) и за безброј други песни, за патриотот во тебе кој секаде го носеше и покажуваше....секаде те чекаа со нетрпеливост да дојдеш а сега сите не остави бес зборови,синоќа младиве во Струмица ти дадоа барем малку почит иако заслужуваш многу повеке,утре ке бидеш испратен од овој свет но само со тело.бидејки таквите како тебе никогаш не умират-преку песните живеат...
Нема да заборавам како се очукав лани на плоштад за Св.Трифун. Си подгреа атмосфера човекот. Весељак во душа. Велат, кој пее-зло не мисли! Навистина мислам дека беше добар човек. Нека му е лесна земјата и нека почива во мир
Јас утрово дознав дека починал, а баш пред некое време во весник прочитав дека се изборил против ракот. Навистина е жалосно, особено за толку весел и сепак млад човек. Нека му е лесна земјата.
Почивај во мир! И онака си се растресувам за скоро сечија смрт. Ме потресуваат вакви несреќни работи. Мхммм...
Oддавање почит не е тупење....Навистина жално,ретко кој сфаќа...ФБ -голема работа,не читајте бе луѓе!Мене ми е мило што никој не го заборави,мислам таков човек не може ни да се заборави! Слични беа коментарите и за Тоше-до вчера ве немаше,на денот на смртта сите тупите со такви песни! Мислам ми се од таквите тупачи како вас......и дај олабавете со тој збор тупење.... Нека почива во мир
Струмица е во молк во неверување во солзи, почина нашиот Гоце на Струмичкиот плоштад се запалија стотици свеќи и се запишаа во книгата на жалост стотици луѓе,загубивме голем човек,текстописец глас кој никогаш нема да се повтори човек со огромно срце, леле луѓе неможам да верувам дека го нема мојот сограѓанин повеќе толку убави поминати моменти со него и неговите песни ...
Нека почива во мир...не му ги слушав песните воопшто (знам 3-4),но сепак сметам дека е еден од поквалитетните пеачи на народна музика.