Ах... Се двоумев и вчера и завчера дали да напишам нешто. Ама (настрана сега тоа што ми удрија на нерв одредени препукувања на една ваква тема во едни вакви моменти), мислев дека што и да напишам ќе биде излишно и... едноставно... џабе. Ама сега морам... Стварно се осетив лошо, поготово кога слушнав дека станувало збор за проклет рак... За Гоце знам уште од кога памтам за себе... Не ја следев неговата кариера, не сум ни по фолк-музиката, али го ценев, мајке ми... го ценев. И што и да зборуваа другите, стварно сметав дека е еден од ретките на фолк-естрадата достоен за длабока почит. Не го велам сега ова само затоа што починал, го велев и кога беше жив. Човекот отсекогаш ми беше ОК, не пренесуваше негативна енергија, а јас имам нос за тие работи Нема многу да зборувам, само, морав некаде да си олеснам. Лесна му земја... Oна што е сигурно е дека ни овие празници, како ни минатите, како ни идните, меѓу народот сепак нема да поминат без старата добра http://www.youtube.com/watch?v=26j6eWrh ... detailpage А овие ќе си останат за душа http://www.youtube.com/watch?v=80TW4i8tEQA&feature=player_detailpage http://www.youtube.com/watch?v=fEr9RsDnW8Y&feature=player_detailpage http://www.youtube.com/watch?v=32AL7jrtAEs&feature=player_detailpage http://www.youtube.com/watch?v=w1lbXgmN_qE&feature=player_detailpage Почивај во мир Од форумов разбрав и за Илко Стефановски... И за него ми е многу жал Ех, бате Боле... Сум гледала негова претстава... Добар актер си отиде Изгубивме многу оваа недела... Многу Лесна им земја и вечна им слава
Бог да го прости нека му е лесна земјата...Ракот е ужасна болест,и мојот дедо почина од рак.Гоце ми беше сограѓанин,ние Струмичани сме во жалост .ГОЦЕ,ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ТЕ ПАМЕТИМЕ И ЌЕ ГИ ПЕЕМЕ ТВОИТЕ ПЕСНИ.БИДЕЈЌЕ СЕКОЈ ГОЛЕМ УМЕТНИК ЗАСЛУЖУВА АПЛАУЗ,ВЕ ЕДЕН ЗА ТЕБЕ ГОЦЕ
Приметив дека и на телевизија кажуваат дека е роден 1959, а и на статијата на фемина пишува дека е 52 години. Ама, 57 е, а тоа би му дошло 1954 година. Ваљда се работи за грешка. Почивај во мир, легендо.
Почивај во мир легендо. Народот никогаш нема да те заборави, секогаш ќе бидеш спомнуван и почитуван. Ниту една веселба не поминува без твоја песна.
Денес се навршува една година од смрта на Гоце човекот што испеа песни за љубовта,пиењето и патриотизмот.Во секој слободен момент,кога имам време си пуштам некоја од неговите песни.Го замислувам секогаш како пее на малите екрани,живо еуфорично и од душа како ја пее песната.Недостасуваш ......Вредеше.... незнам кој збор да го испишам за тебе кажуваат делата. Ги сакам твоите песни остануваш вечно во саќавање.
Се сетив денес на Гоце ,солзите сами идат ја слушам твојата Златен клуч на љубовта.Утре се навршуваат четири години од твојата смрт.Да продолжам да пишувам ке се повтарам од годината кога сум пишувала во 2012,2011.Незаборав, ги слушам твоите песни и така ке остане.