Солзи ми надојдоа кога ја прочитав пораката од керка му, и нејзе Господ да и даде многу сила во овој тежок момент. Кога видов какве е цела смачкана колата мислам срцето ми застана за момент,страшно многу страшно
Се навратив на денот кога брат ми имаше собраќајка,денот кога Тоше загина навистина жалосно некои викаат како можете да тагувате за некого кого не го познавате.Можеби го имаме гледано само на филмови но едноставно неможеш а да не заплачеш кога ќе го прочиташ ова :'( Господ нека и даде сила да продолжи понатака тешко е кога ќе изгубиш родител
Не дека имам нешто против, ама стварно напнавте со него. И мене ми е жал точно, ама не кукам насегаде... Дури и посебна тема стре отвориле, па не е во ред. Ко сега одеднаш да станавте страсни обожаватели на Paul Walker. Зошто никој не објавуваше слика од него кога не беше починат. Исти случај и со Amy Winehouse, Whitney Houston, Тоше, да не речам Мајкл Џексон. Како да некој ја слушаше Еми пред да умре, сега сите и се фанови. Аха да. Дури имаше случаи на тотални бламажи како кога ставаа слики од Опра и пишуваа RIP Whitney Houston :'( .. А за ова што да речам? Срамота. Спојлер Многумина погрешно ќе ме сфатите... Зборот ми беше дека не би се очекувало ваква реакција, зашто јас еве не сум видела сликиче од Паул пред неговата смрт. Сега сите му станаа очајни фанови, така? Каде бевте кога беше жив?
Ова малку црн хумор или сериозно? Човекот бил жив после ударот, жив изгорел заглавен во колата која се запалила. "Порадосна" смрт неможел да доживее.
Мразам што сите зборуваат дека се претерало со жалењето и пишувањето за него. Можеби има луѓе кои тоа го прават ради реда, секогаш ги имало. Ама и те како е жално, за млад живот се работи, па уште и во таква трагична несреќа. И може секој ден се случуваат несреќи ама ние не можеме да го промениме фактот што за познатите секогаш повеќе се зборува. Јас признавам не го знаев баш, мислам Фаст и Фјуриус не е мој тип на филм. Ама имам погледната два-три негови филма. Но сепак многу ми е жал, поготово затоа што по сите изгледани интервјуа со него делува како многу добра личност.